Во недела на 9 ноември ќе се одржи традиционалната семакедонска средба во Штип. Во организација на Здружението на македонци од егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ на едно место ќе бидат гости од сите делови на Македонија. Дополнително предвидено е и изнеднадување за присутните гости.
„Здружението на македонци од егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип секоја година традиционално организра семакедонска средба каде ги обединува сите македонци од сите краеви на Македонија. И оваа година на 9 Ноември во 12 часот ќе ја органзиираме таа наша средба. Овојпат ќе имаме гости од сите делови на Македонија, а имаме и едно изнеднадување, а тоа е една специјална музичка група, ритмот на Македонија, млади деца кои ги негуваат и пеат македонските песни.“ – вели Димков.
Настанот е збогатен со културно забавен дел, на кои ќе се престават помлади и повозрасни изведувачи како и културно друштво од Кочани. Картите веќе се пуштени во продажба, а на настанот може да присуствуваат сите заинтересирани.
„Отворен е настанот, картите се во продажба. Покрај тоа ќе има и друга забавно културна програма ќе не забавува традиционално Марија Димкова, и младата Моника Стојчева, како и културно уметничко друштво Митко Ангелов од Кочани““ – додава Димков.
Димков упати покана до граѓаните да бидат дел од семакедонската средба во недела и да уживаат во подготвените настани.







