28.6 C
Shtip
spot_img

Вечерва започнува новата сезона во Лигата на шампионите

Новата сезона на фудбалската Лига на шампиони започнува вечерва, по втор пат во новиот формат што беше воведен минатата година, а титулата ја брани Пари Сен Жермен.

Во мај, ПСЖ ја освои својата прва титула во историјата со победата над Интер 5:0 во финалето, што е најубедливата победа во финалните натпревари во историјата на елитното натпреварување.

Патот на Парижаните, сепак, беше далеку од лесен, бидејќи беа блиску до елиминација во неколку наврати во првата фаза од натпреварувањето. Токму такво сценарио сакаше УЕФА со воведувањето на промената на форматот.

Наместо осум групи со по четири екипи, воведена е лигашка фаза со 36 екипи. Секој клуб игра осум натпревари против ривали од четири различни шешири, што носи повеќе директни дуели меѓу европските гиганти веќе во првата фаза. Така, Реал Мадрид ги доби Ливерпул и Манчестер Сити, додека ПСЖ игра против Барселона и Баерн.

Минатата сезона, Брест и Бриж се пласираа во плејофот, додека Јанг Бојс и Слован Братислава останаа без бодови.

Првите осум екипи по лигашката фаза одат директно во осминафиналето, а следните 16 влегуваат во плејофот. Натпреварувањата оваа сезона се отвораат со дерби натпревари, Челзи, новиот светски шампион, гостува кај Баерн, ПСЖ игра против Аталанта, Ливерпул го пречекува Атлетико Мадрид, додека во четврток Њукасл ќе игра против Барселона, а Манчестер Сити против Наполи.

Новата Лига на шампиони има буџет од дури 2,5 милијарди евра. Од тоа, секој учесник првично добил 18,6 милиони евра, што е вкупно 670 милиони евра или 27,5 проценти од буџетот.

Дополнителни 35 проценти, или 835 милиони евра, се поделени врз основа на маркетингот и историскиот рејтинг на клубовите. Што се однесува до распределбата на средствата според бројот на освоени бодови, таа изнесува 914 милиони евра или 37,5 проценти.

Освоен бод носи 700 илјади евра за секој клуб, а победа 2,1 милион евра. Пласманот понатаму обезбедува уште еден милион евра, осминафиналето дополнителни 11 милиони, четвртфиналето 12,5 милиони, полуфиналето 15 милиони и финалето 18,5 милиони евра.

Победникот добива уште 6,5 милиони евра, а со триумфот му се загарантирани и дополнителни 4,5 милиони евра за настап во Европскиот Суперкуп.

Финалето на Лигата на шампионите е закажано за 30 мај 2026 година на Пушкаш Арената во Будимпешта.

Лига на шампиони, 1. коло

Вторник:

18.45 Атлетик Билбао – Арсенал
18.45 ПСВ – Унион Сент Жилоа
21:00 Јувентус – Борусија Дортмунд
21.00 Реал – Олимпик Марсеј
21.00 Бенфика – Карабаг
21.00 Тотенхем – Виљареал

Среда:

18.45 Олимпијакос – Пафос
18.45 Славија Прага – Боде/Глимт
21:00 Ајакс – Интер
21:00 Баерн – Челзи
21:00 Ливерпул – Атлетико Мадрид
21.00 ПСЖ – Аталанта

четврток:

18.45 Клуб Бриж – Монако
18.45 Копенхаген – Баер Леверкузен
21:00 Ајнтрахт Франкфурт – Галатасарај
21:00 Манчестер Сити – Наполи
21:00 Њукасл – Барселона
21.00 Спортинг Лисабон – Каират

━ повеќе содржини

Паника во авион на Wizz Air: Патничка снимила испукан прозорец залепен со трака

Паника во авион на Wizz Air: Патничка снимила испукан прозорец залепен со селотејп, компанијата објаснува дека немало опасност За Ана Савин, патничка на лет на...

Шест тешки месеци од трагедијата во Кочани, раните не зараснуваат

Денес (среда, 16.09) навршуваат точно 6 месеци од трагичната ноќ во дискотеката Пулс во Кочани. Раните не зараснуваат, болат и болат се посилно. Во Штип...

Пензионери освоија 12 милиони евра, а со денови не знаеле: Тикетот им стоел на фрижидер

Сонот што стоел на фрижидер: Постара двојка од Мелбурн со денови не знаела дека освоила 12 милиони евра на лотарија Во приказна што го докажува...

Слеп човек повторно прогледа по 20 години благодарение на уникатна операција „заб во око“

Повеќе од две децении, 34-годишниот Брент Чепмен од Канада живееше во темнина. Сега повторно може да гледа благодарение на исклучително ретка хируршка процедура наречена...

Џеди Осман: Среќен сум што во мојот Охрид и во Македонија се пратат сите мои успеси

Џеди Осман не успеа со Турција да дојде до посакуваното злато. Неговата репрезентација во финалето на Европското првенство беше поразена од Германија иако тој...
spot_img