Дводневен распоред на гробиштата во Штип, воведува повторно брегалничката епархија за празникот на упокоените Задушница. В петок попладне помените и молитвите, свештениците ќе ги извршуваат на гробиштата над капелата , на делот познат како нови гробишта, а во сабота наутро под капелата, на стариот дел. Дополнително во двата дена ќе има и дежурен свештеник во градската црква Свети Никола за трисагија и молитва за покој на упокоените. Деталите ги објасни протојерејот Добрица Јанев.
,,Во петок попладне свештениците ќе бидат во гробиштата над капелата, кај нас познати како нови гробишта, трите рампи и малата парцела кај паркингот спроти капелата, а во сабота сабајлето свештениците ќе бидат во старите гробишта и во новиот дел кој што го нарекуваме патот Радовиш. Така беше и минатата задушница, така ќе биде и сега и поатаму бидејќи кажавме и тогаш и пак ќе кажеме дека гробиштата се шират, а ние сме толку, колку што сме и не можеме да обслужиме во еден ден секаде и затоа така ги поделивме и минатата задушница и оваа. Напоменувам дека и во петок и во сабота ќе има дежурен свештеник, па така оној кој што неможе да отиде на гробишта, може да дојде во црквата Свети Никола да му се направи трисагија или молитва за покој на упокоените.“, рече Јанев
Бидјеќи Задушница и празникот Свети Трифон, оваа година се празнуваат во ист ден, Јанев вели напрво ќе има литургија за упокоените, а веднаш потоа да се направи водосвет во чест на Свети Трифун, како зашнтиник на лозарите.
Всуштината на празникот останува непроменета – за Задушница потребни се пченица, вино и свеќи, а секој може да повика свештеник за мал помен за покојните. Разликата годинава е само во времето, со цел да се избегнат долги чекања и гужви на гробиштата. Ова важи исклучиво за Штип, а од сега Брегалничката епархија ќе се раководи според оваа пракса, за празникот да помине достоинствено и мирно за сите верници.







