19.5 C
Shtip
spot_img

Белгија во Скопје доаѓа без најдобриот голман Тибо Куртоа

Тибо Куртоа во последно време нема многу среќа со своето здравје, бидејќи како поинаку би можеле да го наречете фактот дека по неколкуте повреди во текот на неодамна завршената сезона, сега му е дијагностициран сакроилитис.

Медицинскиот персонал на Реал Мадрид се справи со пријавената болка, а резултатот од дијагностиката беше откритие дека тој има болест на зглобовите во крајниот дел од ‘рбетниот столб. Во превод, тој страда од болно воспаление.

И, бидејќи може да предизвика вкочанетост во тој дел од телото, а симптомите може да се прошират по едната или двете нозе, беше одлучено детално да се испита случајот. Следува конечна одлука за понатамошно лекување на малерозниот Белгиец.

Ова доаѓа во незгоден момент пред Светското клупско првенство и, згора на тоа, натпреварите на белгиската репрезентација во квалификациите за Мундијалот 2026. Она што е познато е дека новиот тренер на кралскиот клуб, Шаби Алонсо, има потреба од Куртоа.

На селекторот на „Црвените ѓаволи“, Руди Гарсиа, уште повеќе му треба, со оглед на тоа што трката за Мундијалот за Белгија започнува сега. Белгија е сместена во групата Ј, заедно со селекциите на Македонија, Велс, Лихтенштајн и Казахстан.

В петок Белгијците ќе играат во Скопје против Македонија, а Куртоа нема да биде присутен. На списокот на Гарсиа други голмани се Мац Селс од Нотингем Форест, Сене Ламенс од Антверп и Мартен Вандеворд од Лајпциг, а место Куртоа го додаде и Нордин Јакерс од Клуб Бриж. Но, освен Селс кој има 9 настапи, сите останатите чекаат деби.

Искусниот 33-годишен Куртоа има 103 настапи за Белгија и играше на Мундијалите во 2014, 2018 и 2022, како и на ЕУРО 2016 и 2020, а не беше дел од ЕУРО 2024 поради кавга со тогашниот селектор Доменико Тедеско.

━ повеќе содржини

Асфалтирано платото и паркингот пред фудбалскиот терен на Бело Брдо

Денес беше завршено асфалтирањето на платото и паркинг површината пред фудбалскиот терен во населбата Бело Брдо, со што се подобрува пристапот и условите за...

Во недела ќе се одржи првиот таеквондо турнир „Штип опен 2025“

Во недела Таекводно клубот Штип и Македонска таеквондо федерација го организираат првиот таеквондо турнир „Штип опен 2025“. Турнирот ќе се одржи во спортска сала „Јордан...

Лани во Македонија се случиле над 2 илјади разводи!

Во 2024 година бројот на склучените бракови е намален за 12.7 % во споредба со 2023 година. Просечната возраст при склучувањето прв брак е...

Рачниот менувач заминува во историјата?

Рачниот менувач наскоро може да биде минато, бидејќи најновите бројки покажуваат дека многу малку нови автомобили се достапни со овој тип на менувач. Статистиката е...

Три овошја што го топат салото на стомакот

Сѐ повеќе луѓе бараат природни начини за намалување на салото на стомакот, а исхраната игра клучна улога во овој процес. Експертите истакнуваат дека одредени...
spot_img