9 C
Shtip
spot_img

„Бев во Северна Кореја како турист – Ким Џонг Ун го гледаат како бог, не смеев сам да одам ни до тоалет“

Мајк вели дека од почетокот на пандемијата, границите на Северна Кореја биле затворени за сите туристи, па тој е меѓу првите странци кои ја посетиле државата во изминативе пет години.

Јутјуберот бил со група туристи од Франција, Германија и Австралија, а патувањето било детално испланирано неколку месеци однапред.

Пристигнале со авион, а вели дека прозорците биле затемнети за патниците да не ја видат земјата од небо.

Јутјубер од Англија ја посетил Северна Кореја и открива дека не смеел да зборува со локалци, постојано бил следен, како и дека Корејците ја користеле секоја можност да го величаат Ким Џонг Ун.

Северна Кореја важи за една од најизолираните земји во светот и ретко кој може да ја посети како турист.

Оние, пак, кои добиваат дозвола да ја посеат државата, мораат да следат низа строги правила – во спротивно, може да завршат и во затвор.

Британскиот јутјубер Мајк О’Кенеди е еден од ретките кои добиле можност да влезат во Северна Кореја, а на својот Јутјуб канал тој го сподели искуството.

Мајк вели дека од почетокот на пандемијата, границите на Северна Кореја биле затворени за сите туристи, па тој е меѓу првите странци кои ја посетиле државата во изминативе пет години.

Јутјуберот бил со група туристи од Франција, Германија и Австралија, а патувањето било детално испланирано неколку месеци однапред.

Пристигнале со авион, а вели дека прозорците биле затемнети за патниците да не ја видат земјата од небо.

Пред да им биде дозволен влез во државата, морале да достават листа со сите електронски уреди што ги носеле со себе.

„Надлежните ја проверија листата и пред да си заминеме, за да проверат дали сме ги понеле сите работи со нас. Им беше особено важно да проверат да не сме оставиле нешто (што им е забрането на локалците).

Не смеевме да носиме ништо што сметаат дека е чувствителна тема, како книга за Северна Кореја или УСБ со содржина за политиките на другите земји“.

Добро познат факт е дека жителите на Северна Кореја немаат интернет и не можат да телефонираат надвор од државата.

Нив им е забранет секаков контакт со надворешниот свет.

bev-vo-severna-koreja-kako-turist-kim-dzhong-un-go-gledaat-kako-bog-ne-smeev-sam-da-odam-ni-do-toalet-0.JPG

Поради ова, Мајк вели дека им било забрането да имаат каква било интеракција со локалците и не смееле ни да отидат во тоалет без дозвола.

Во текот на целото патување биле придружувани од туристички водич и Мајк истакнува дека се чувствувал како постојано да го гледаат.

bev-vo-severna-koreja-kako-turist-kim-dzhong-un-go-gledaat-kako-bog-ne-smeev-sam-da-odam-ni-do-toalet-06.JPG

Како дел од турата, Мајк и групата туристи биле однесени во парк, во банка и во фабрика за флаширана вода.

А, јутјуберот вели дека во фабриката забележал дека нема ниту еден работник, што му било чудно. Но, од туристичкиот водич не добил одговор зошто фабриката е празна.

━ повеќе содржини

Такси беззаконието во Штип заминува во историја – Строги правила од 1.Февруари

Такси превозот во Штип влегува во нова фаза по три децении нерегулирано работење и беззаконие во овој бизнис. По долг период на хаос, конечно...

Одбојкарско дерби денес во Штип!

Денес, понеделник, со почеток од 18:00 часот во салата Јордан Мијалков во Штип ќе се одигра одбојкарското дерби во првата македонска одбојкарска лига помеѓу...

“Музичка Фабрика” – Нов национален проект за детска музика кој отвора врати за млади таленти

Музичка Фабрика е првиот национален културно-образовен музички проект за деца, чија мисија е да ја поддржи, развие и афирмира детската музичка креативност. Проектот создава...

Сите добитници на наградите Греми!

Раперот освои пет награди, вклучувајќи ја и онаа за плоча на годината за „Luther“, дует со SZA, како и за најдобар рап албум за...

LED семафорите носат поголеми почетни трошоци, но значителни долгорочни заштеди

Сè повеќе градови ширум Европа и светот се одлучуваат за воведување на LED семафори, кои иако имаат повисока почетна цена, носат големи заштеди на...
spot_img