8.3 C
Shtip
spot_img

Антибиотик – смрт за бактериите!

Научниците откриле како антибиотиците полимиксини го пробиваат одбранбениот слој на некои од најопасните бактерии. Станува збор за откритие кое би можело да води кон развој на нови терапии против инфекции отпорни на антибиотици.

Полимиксините често се користат како лек од последна линија против одредени грам-негативни бактерии, кои можат да предизвикаат воспаление на белите дробови, менингитис и тифус.

– Трите најважни патогени според Светската здравствена организација (СЗО) се сите грам-негативни бактерии, и тоа во голема мера е последица на нивната сложена клеточна обвивка – објаснува Ендру Едвардс од Кралскиот колеџ во Лондон, еден од авторите на истражувањето објавено во списанието „Нејчр микробајолоџи“.

Тие бактерии се заштитени од надворешниот слој што содржи липополисахариди – молекули што функционираат како оклоп. Иако се знаеше дека полимиксините го таргетираат овој заштитен слој, точниот механизам на оштетување и причината за смртта на бактериите досега не беа јасни.

Користејќи биохемиски тестови и атомски силен микроскоп, метода во која игла со големина од нанометар ја мапира површината на клетката, Едвардс и неговиот тим забележале дека полимиксинот B предизвикува испупчување на површината на бактеријата ешерихија коли. Неколку минути подоцна, бактериите го исфрлаат липополисахаридот. Во процесот, бактериите се обидуваат да ги надоместат изгубените липополисахариди со додавање нови.

– Антибиотиците се како сила што помага „тулите“ да излезат од ѕидот. Надворешната мембрана не се распаѓа и не отпаѓа, но очигледно постојат празнини низ кои антибиотикот може да стигне до другата мембрана – објаснува Едвардс.

Едвардс потенцира можни стратегии за таргетирање на бактериите во мирување, но предупредува дека не би било добро бактериите на местото на инфекција да почнат да се размножуваат премногу брзо бидејќи тоа има свои негативни последици.

━ повеќе содржини

Што се слави повеќе во Македонија? Свети Трифун или Свети Валентајн?

На 14-ти февруари според новиот календар (односно 1-ви февруари според стариот календар) е денот на кој се празнуваат празниците свети Трифун и свети Валентин. Свети Трифун претставува православен...

Студент загина во трамвајска несреќа во Сараево

 Окружното обвинителство во Сараево во петокот ја продолжи истрагата за околностите под кои се случи тешката сообраќајна несреќа претходниот ден, кога трамвај излета од...

Девојките од ОК Младост УГД сериозно “гризат” кон место кое води во европските купови

На синоќешниот дуел против екипата на Пелистер Волеј, екипата на ОК Младост УГД победи со максимални 3:0 во сетови. Во едно одлично издание на...

ФК Брегалница ги претстави последните две засилувања пред почетокот на пролетниот дел

Аљбан Мемеди и Никола Талески се двајцата играчи со кои се заокружи списокот на играчи на кои ќе смета Влатко Костов, шеф на стручниот...

САД и Македонија постигнаа Договор за реципрочна, фер и избалансирана трговија

Соединетите Американски Државии Република Северна Македонија постигнаа  Рамковен договор за реципрочна, фер и балансирана трговија за зајакнување билатерални економски односи, што ќе им обезбеди...
spot_img