0.3 C
Shtip
spot_img

98 луѓе загинаа на концерт откако се урна кров на ноќен клуб!

Најмалку 79 луѓе загинаа (неофицијално се 98), а 155 се повредени откако се урна кров на ноќен клуб во Доминиканската Република, соопшти шефот на агенцијата за помош при катастрофи Хуан Мануел Мендез.

Според Би-Би-Си, загинале најмалку 98 лица, а 150 се повредени.

Делови од кровот се урнале врз посетителите на концертот на пејачот Руби Перез.

Весникот Listín Diario‘, цитирајќи го менаџерот на Перез, објави дека загинал и музичарот. Локалните власти првично не ја потврдија информацијата. Перез, кој беше популарен во Латинска Америка, првично беше пријавен меѓу повредените.

Во несреќата загина и регионалната гувернерка на провинцијата Монте Кристи, Нелси Круз, објави нејзиниот брат на Инстаграм.

Почина и поранешниот бејзбол играч Тони Бланко, кој играше во САД девет години и уште осум во Јапонија, соопшти бејзбол лигата.

Причината за уривањето на кровот се уште е нејасна.

Повеќе од 300 спасувачи бараат затрупани жртви под урнатините со помош на термални камери.

– Се додека има уште надеж, ќе продолжиме да работиме. Има знаци кои нè наведуваат да веруваме дека сè уште може да има преживеани, рече Мендез и додаде дека властите нема да се откажат се додека и последниот човек не биде извлечен од урнатините.

Претседателот на Доминиканската Република Луис Абинадер го посети местото на катастрофата. „Длабоко жалиме за трагедијата во ноќниот клуб Џет Сет“, напиша тој на X.

– Сите спасувачи ја даваат потребната поддршка и неуморно работат на спасувањето. Нашите молитви се со семејствата на погодените, додаде тој.  (МИА)

━ повеќе содржини

Познатите се собраа на големата прослава кај Огњен Амиџиќ: Наздравуваат од срце за малата Лола

Телевизискиот водител Огњен Амиџиќ по третпат стана татко. Со сопругата Мина ја доби ќерката Лола, име кое родителите заеднички го избраа. За брачната двојка...

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против Бислимоски

Финансиската полиција поднесе кривична пријава до Обвинителството во Скопје против Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), под сомнение дека ја злоупотребил...

Лукоил продаден на Американци

Вториот најголем руски производител на нафта, Лукоил, соопшти дека постигнал договор за продажба на поголемиот дел од своите средства во странство на американската инвестициска...

Клиника Жан Митрев официјално акредитирана како Европски центар за третман на дебелина – EASO Collaborating Centre for Obesity Management (COM)

Центарот за менаџмент на обезност (дебелината) при Клиника Жан Митрев се стекна со престижниот статус EASO Collaborating Centre for Obesity Management (COM) и е...

Најактуелните филмови и серии на Нетфликс!

Анимираниот филм „Кеј-поп: Ловци на демони“ стана најгледан филм на „Нетфликс“ во период од шест месеци, со што дефинитивно ја зацврсти својата позиција како...
spot_img