8.3 C
Shtip
spot_img

98 луѓе загинаа на концерт откако се урна кров на ноќен клуб!

Најмалку 79 луѓе загинаа (неофицијално се 98), а 155 се повредени откако се урна кров на ноќен клуб во Доминиканската Република, соопшти шефот на агенцијата за помош при катастрофи Хуан Мануел Мендез.

Според Би-Би-Си, загинале најмалку 98 лица, а 150 се повредени.

Делови од кровот се урнале врз посетителите на концертот на пејачот Руби Перез.

Весникот Listín Diario‘, цитирајќи го менаџерот на Перез, објави дека загинал и музичарот. Локалните власти првично не ја потврдија информацијата. Перез, кој беше популарен во Латинска Америка, првично беше пријавен меѓу повредените.

Во несреќата загина и регионалната гувернерка на провинцијата Монте Кристи, Нелси Круз, објави нејзиниот брат на Инстаграм.

Почина и поранешниот бејзбол играч Тони Бланко, кој играше во САД девет години и уште осум во Јапонија, соопшти бејзбол лигата.

Причината за уривањето на кровот се уште е нејасна.

Повеќе од 300 спасувачи бараат затрупани жртви под урнатините со помош на термални камери.

– Се додека има уште надеж, ќе продолжиме да работиме. Има знаци кои нè наведуваат да веруваме дека сè уште може да има преживеани, рече Мендез и додаде дека властите нема да се откажат се додека и последниот човек не биде извлечен од урнатините.

Претседателот на Доминиканската Република Луис Абинадер го посети местото на катастрофата. „Длабоко жалиме за трагедијата во ноќниот клуб Џет Сет“, напиша тој на X.

– Сите спасувачи ја даваат потребната поддршка и неуморно работат на спасувањето. Нашите молитви се со семејствата на погодените, додаде тој.  (МИА)

━ повеќе содржини

Турнир во пеливанско борење “Трофеј Штип” – годинава по втор пат!

Годинава по вторпат ќе се одржи меѓународниот турнир во пеливанско борење „Трофеј Штип“, а интересот годинава е поголем во однос на ланската сезона. Турнирот е...

Штипските пожарникари од ДПД на меѓународна сцена: нови предизвици и партнерства во Хрватска

Членовите на ДПД-Штип продолжуваат да ја градат својата приказна со нови искуства, предизвици и пријателства надвор од границите на државата. Заедно со колегите од...

Инцидент вчеравечер во казино во Штип, имало физички напад

Пријавен физички напад во штипско казино. Како што информираа од полицијата, вчера во 19:50 часот во СВР Штип, Ј.Ш.(25) од Штип пријави дека околу 19:50...

Гитаристот од бендот на Саша Матиќ му го украде бакшишот на пејачот (видео)

https://www.tiktok.com/@ovojeviseneizdrzivo?referer_url=espreso.mk%2Fslajder%2Fvideo-gitaristot-od-bendot-go-ograbi-sasha-matik-snimeno-e-kako-go-zema-bakshishot-i-go-stava-vo-zadniot-dheb%2F&refer=embed&embed_source=121374463%2C121468991%2C121439635%2C121749182%2C121433650%2C121404359%2C121497414%2C122221973%2C122122240%2C121351166%2C121811500%2C121960941%2C122122244%2C122122243%2C122122242%2C121487028%2C122258714%2C121331973%2C120811592%2C120810756%2C121885509%3Bnull%3Bembed_masking&referer_video_id=7629036895359487239 Пејачите често зборуваат за кражбата на бакшиш што им се случува на настапите. Сега, видео од настапот на Саша Матиќ почна да кружи на...

Тајната на црните точки на шофершајбната: Мал детал со голема улога што многумина не го знаат

Малите црни точки долж рабовите на шофершајбната со години се дел од секој автомобил, но за нивната вистинска функција малкумина возачи знаат. Во последниот...
spot_img