8.1 C
Shtip
spot_img

Што всушност значи процентот за дожд на телефонските апликации?

Денес, секој користи паметен телефон, но малкумина всушност ги знаат сите карактеристики и спецификации на телефоните. Често мислиме дека знаеме како функционира нашиот уред, но постојано откриваме нови функции и скриени трикови што можат да ни го олеснат или подобрат користењето. Па така, луѓето на „Редит“ почнале да дискутираат што значат процентите на апликацијата за временска прогноза, а некој го објаснил тоа на наједноставен можен начин.

Благодарение на неверојатната технологија, наместо само да чекаме и да се надеваме на најдоброто, сега можеме едноставно да ја провериме временската прогноза на нашите телефони и да откриеме дали наскоро ќе врне дожд или не. Па, дали знаете што значи процентот на веројатност за дожд на вашиот телефон? Корисникот „Воденскаут1/Wonderscout1“ открил дека конечно разбрал како функционираат процентите на апликацијата за временска прогноза.

– Почнав да ја користам мојата апликација за временска прогноза и научив нешто ново. Ако прогнозерот е 80 проценти сигурен дека ќе врне дожд, но очекува дождот да влијае само на 50 проценти од прогнозираната област, тогаш прогнозата за таа локација ќе гласи: „40 проценти веројатност за дожд“. Ако прогнозерот очекува широка област со врнежи што ќе влијаат на 100 проценти од областа, но е само 40 проценти сигурен дека ќе има дожд во прогнозираната област, тогаш прогнозата за која било локација во таа област исто така ќе изнесува 40 проценти веројатност за дожд – објаснил корисникот.

Некои корисници признале дека ова навистина нема смисла и сè уште се збунети. Други корисници се вклучиле додавајќи дека процентот во основа значи „веројатноста дека која било дадена локација во една област ќе има дожд“.

– Постои област (град, округ итн.) и одредена локација (на пр., каде што се наоѓате). Веројатноста за дожд на дадена локација се проценува како веројатност за дожд каде било во областа, помножена со процентот на областа што ќе биде погодена од дожд – објасниле тие.

Од друга страна, многу корисници ја сметале целата работа за доста забавна, а некои забележувале дека луѓето едноставно не ги разбираат апликациите за временска прогноза.

– Убеден сум дека метеорологијата е само една голема внатрешна шега. Започна како забава како астрологијата, но сега премногу сме навлезени во фактот дека луѓето всушност зависат од тоа какво ќе биде времето – напишал еден корисник.

━ повеќе содржини

Брегалничка Епархија: Објавен е распоредот на свештеници за Задушница

Дводневен распоред на гробиштата во Штип, воведува повторно брегалничката епархија за празникот на упокоените Задушница. В петок попладне помените и молитвите, свештениците ќе ги...

ЏЕНИФЕР АНИСТОН ДЕНЕС ПОЛНИ 57 ГОДИНИ, А ОВА СЕ ПЕТ РАБОТИ ШТО СИГУРНО НЕ СТЕ ГИ ЗНАЕЛЕ ЗА НЕА

Џенифер Анистон денес, на 11 февруари, го слави својот 57. роденден. По тој повод, ви претставуваме пет интересни факти за неа кои веројатно досега...

Смртта на Курт Кобејн била убиство: Нова шокантна форензичка истрага ја доведува во прашање официјалната пресуда за самоубиство

Најново форензичко истражување тврди дека смртта на Курт Кобејн можеби не била самоубиство, туку убиство, откако приватен тим форензичари повторно ги анализирал обдукцијата и...

Денес ОК Штип УГД игра ново дерби!

Денес, 09/02/2026 ОК Работнички од Скопје ќе го пречека нашиот ОК Штип УГД во спортската сала Невена Георгиева - Дуња во дербито од третото...

Лука Дончиќ го пропушта NBA All Star-от!

Лука Дончиќ се најде на листата на повредени кај Лос Анџелес лејкерс поради полесно истегнување на задната ложа, па под знак прашалник е неговиот...
spot_img