7.6 C
Shtip
spot_img

Штипските гимназијалци најдобри на натпреварот по филозофија

Секоја година средношколците од СОУ Гимназија „Славчо Стојменски” во Штип се првопласирани на натпреварот по филозофија, кој оваа година се одржа на Филозофскиот факултет во Скопје. Оваа година со 94 поени, убедливо првото место на натпреварот го освои ученичката Мила Кралева. Не секогаш мотивацијата за натпреварот е победата, но во нејзиниот случај таа е најдобар показател за нејзината љубов кон филозофијата. Покрај Мила, други ученици кои се стекнат со учество на Македонскиот натпревар за Меѓународна филозофска олимпијада,  која ќе се одржи на 29 март, се и средношколците: Игор Христовски, Марио Ванчоски и Бисера Манова.

„Науката е таа силна страна која секогаш пулсира во мене. Желбата за знаење се зголеми уште повеќе со учењето на најубавата интелектуална дејност,  филозофијата. Љубовта кон мудроста значи создавање посветени, одговорни и креативни личности. Создавање вистински ,,софоси”. Посебен поттик за пријавување на натпреварот беше професорката. Нејзината мотивација беше толку гласна како и постигнатиот успех. Нашата победа е нејзина заслуга“, вели Мила Кралева.

Кај повеќето од младите, љубовта кон предметот најмногу зависи од посветеноста и пристапот на самиот професор, на каков начин професорот ќе го преточи своето знаење врз учениците зависи и нивниот успех. Резултатите на натпреварите не зависат само од индивидуалната посветеност на учениците, туку и од посветеноста на самите професори кои имаат широк спектар на знаења во својата област.

„Освојувањето на првите места е позната карактеристика на учениците на професорката Данка Јовева. Ова е резултат на нејзината посветеност и постојаната мотивација која професорката ни ја дава на нас учениците. Постојано работи со нас на различни филозофски проблематики и невозможно е да има нејаснотии, бидејќи таа формира посебен пристап до нас, учениците, за брзо учење и лесно паметење на клучни елементи од областа на филозофијата. Како професор, а подоцна и како пријател, само преку ваква поставеност на професорите кон учениците, можат да се постигнат највисоките резултати на кои било натпревари. Професорката Данка е професор кој те учи како да уживаш во учењето на она што го сакаш и како да го сакаш она што го учиш“, вели Бисера Манова.

Секој од учесниците на натпреварот имаат некои свои очекувања, за некои тоа е само заедничкото дружење, додека за други стекнување на нови знаења или победа. Но, сопствениот успех не треба да се мери со победа, напротив со учеството на натпреварот најпрво треба да бидеме задоволни сами со себе и можноста за учество на државен натпревар.

„Дружењето за време на подготовките беше навистина интересно и дефинитивно тоа ќе биде еден од многуте спомени по којшто ќе го паметам овој натпревар. Целокупниот труд којшто го вложивме ние и професорката резултираше со високите резултати коишто ги постигнавме. Учеството на овој натпревар беше едно прекрасно искуство преку кое стекнавме огромно знаење“, вели Марио Ванчоски”.

Олимпијадата се состои од пишување есеј на странски јазик  на различни теми поврзани со филозофијата. Оние ученици од Македонија кои ќе се првопласирани ќе добијат можност да заминат во Бари, Италија и ќе ја претставуваат нашата земја.

Автор – Љубица Жежова

━ повеќе содржини

Потреси од Албанија и Грција почувствувани во Македонија

Два послаби земјотреси биле почувствувани синоќа во југозападниот дел од Македонија, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Првиот земјотрес бил регистриран во 19:50...

ФБИ: Епстин беше под надзор поради можност од самоубиство

Осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бил ставен под надзор откако се обидел да се самоубие во затвор на 23 јули 2019 година, и покрај...

Стотици жени снимени голи во бугарски салони за убавина, снимките завршиле на порно страници

Бугарските обвинители започнаа кривична истрага откако стотици жени биле тајно снимени за време на интимни козметички третмани во салони за убавина, а снимките биле...

Синот на Еди Марфи и ќерката на Мартин Лоренс чекаат бебе: Замисли тие двајца да ти се дедовци

Ерик е син на познатиот комичар Еди Марфи, а Јасмин е ќерка на исто така познатиот комичар Мартин Лоренс. Обожавателите на двајцата актери се воодушевени од...

Амстердам воведува забрана за рекламирање на автомобили на бензин и дизел во јавниот простор

Градските власти на Амстердам одлучија да воведат забрана за рекламирање на автомобили со бензински и дизел мотори во јавни простори, како дел од пошироката...
spot_img