14.2 C
Shtip
spot_img

Храна која мислиме дека трае вечно, но сепак има рок (ако не ја чувате правилно)

Доколку го чувате шеќерот во сад кој не е добро затворен, во него може да влезе влага и главно не е добро да го користите две години откако сте ја отвориле амбалажата.

Ако имате навика да купувате големи количини од храна која има долг рок на траење, мора да обрнете внимание начинот на којшто ја складирате.

Важно е да знаете дека и храната за која мислиме дека трае вечно сепак не е добро да се консумира по одреден период.

Неколку намирници кои спаѓаат овде и како правилно да ги складирате:

Кафе

Ако не е отворено, кафето може да трае и подолго од рокот што е наведен на амбалажата.

Но, штом ќе го отворите, во него влегува воздух, но можат да влезат и бактерии.

Ако го чувате во добро затворен сад, може да ви потрае околу три месеци, но по толку долг период ќе забележите промена во вкусот и мирисот.

Штом ќе забележите промена во мирисот, најдобро фрлете го.

hrana-koja-mislime-deka-trae-vechno-no-sepak-ima-rok-na-traenje-ako-ne-ja-chuvate-pravilno-02.JPG

Брашно

И во овој случај важи како го складирате брашното.

Во добро затворен сад, може да ви трае и до осум месеци.

Доколку го чувате во кесата во којашто сте го купиле, во неа лесно можат да влезат бактерии, но и инсекти, со што значително ќе му се скрати рокот на траење.

hrana-koja-mislime-deka-trae-vechno-no-sepak-ima-rok-na-traenje-ako-ne-ja-chuvate-pravilno-03.JPG

Зачини

Зачините е важно да ги чувате на суво место, во добро затворен сад и настрана од директна сончева светлина.

Вака складирани, најдобро е да ги искористите во рок од шест месеци до најмногу една година штом ќе ја отворите оригиналната амбалажа.

hrana-koja-mislime-deka-trae-vechno-no-sepak-ima-rok-na-traenje-ako-ne-ja-chuvate-pravilno-04.JPG

Шеќер

Главно, шеќерот си ги задржува вкусот и квалитетот и по неколку години.

Но, ако го чувате во сад кој не е добро затворен, во него може да влезат влага. Исто така, штом ќе го отворите, не е препорачливо да се користи по две години.

hrana-koja-mislime-deka-trae-vechno-no-sepak-ima-rok-na-traenje-ako-ne-ja-chuvate-pravilno-05.JPG

Замрзнато месо

Замрзнатото сирово месо може да трае и скоро цела година во замрзнувач.

Но, во овој случај, особено е важно како ќе го чувате.

Ако го чувате целото месо во една кеса, со секое вадење од замрзнувач за да извадите дел, ќе се промени температурата на целото месо и ова може да му го намали рокот на траење.

Најдобро е да го поделите во неколку разни кеси за да не мора да го вадите целото.

Осигурете се дека кесите се добро затворени и не пропуштаат, бидејќи ако во нив влезе мраз, и ова може да го намали рокот на траење.

hrana-koja-mislime-deka-trae-vechno-no-sepak-ima-rok-na-traenje-ako-ne-ja-chuvate-pravilno-06.JPG

Масла со билки 

Ваквите масла обично се купуваат како подарок и нормално е да заборавите да го употребите, или да не сакате бидејќи изгледаат убаво.

Но, тие имаат рок на траење и ако поминале повеќе од три години, немојте воопшто да ги користите.

Доколку се отворени, употребете ги во рок од една година.

hrana-koja-mislime-deka-trae-vechno-no-sepak-ima-rok-na-traenje-ako-ne-ja-chuvate-pravilno-7.JPG

Сосови

Бидејќи имаат различен состав, сосовите имаат различен рок на траење.

Затоа, најдобро е да ја проверите амбалажата.

Генерално, ако не се отворени, сосовите имаат долг рок на траење.

Но, од друга страна, повеќето сосови, како песто или доматен сос за паста, мора да се употребат во рок од неколку дена штом ќе ја отворите амбалажата.

hrana-koja-mislime-deka-trae-vechno-no-sepak-ima-rok-na-traenje-ako-ne-ja-chuvate-pravilno-08.JPG

Јаткасти плодови

Ако купувате поголемо количество јаткасти плодови, за подолг период, секогаш е подобро да ги купите нелупени.

Лушпата е како природна заштита и ако ги чувате јатките на темно и суво место, можат да бидат добри за јадење и по една година.

Оние излупените, штом ќе ги отворите, треба да се консумираат во период од околу три месеци.

hrana-koja-mislime-deka-trae-vechno-no-sepak-ima-rok-na-traenje-ako-ne-ja-chuvate-pravilno-09.JPG

━ повеќе содржини

Италијанска компанија ќе инвестира во ТИРЗ Штип

Вчера, општина Штип ги пречека Амбасадорот на Република Италија во Македонија, Н.Е. Паоло Палминтери, Фабио Каросо, регионален советник од Италија, Ева Нетковска, виш трговски...

Град предизвика застој на автопатот Скопје-Штип, оштетени возила

Обилниот град по 19 часот го отежна сообраќајот на автопатот Скопје-Штип и предизвика оштетувања на некои возила.

ОК “Штип УГД” денес со стил сака да го заврши регуларниот дел од првенството

Денеска, за штипските одбојкари ќе заврши првиот дел од првенството. Од 19:00 часот во СЦ "Јордан Мијалков", одбојкарскиот клуб Штип УГД ја пречекува екипата...

Откриени тажни детали за состојбата на легендарниот Михаел Шумахер

Феликс Горнер, новинарот на германскиот „РТЛ“ и еден од најдобрите познавачи на состојбата на легендарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер, сподели најнови информации...

Мерлин “тежи” повеќе од 100 милиони евра

Дино Мерлин, вреди дури 100 милиони долари, објави порталот Celebrity Net Worth. Оваа бројка значително го надминува богатството на другите регионални ѕвезди, како што...
spot_img