Во сабота, со почеток од 18:00 часот, управата на ФК Брегалница ќе ги израдува своите фанови со одигрување на меч под рефлектори во вечерен термин.
За прв пат сезонава, штипските сини ќе играат во вечерен термин. Гостин е екипата на ФК Скопје, еден од директните конкуренти за влез во првата лига.

Од управата, ги повикуваат сите љубители на фудбалот и спортот воопшто да присуствуваат на овој празник на фудбалот и да дадат поддршка на четата на Влатко Костов.
Влезот ќе чини симболични 100 денари, билети ќе се продаваат на врата.