4.8 C
Shtip
spot_img

Утре слетува првиот авион од Париз, Скопје наскоро ќе се поврзе и со Барселона и Лион

Од среда Скопје и Париз се поврзуваат со директна авиолинија, а како што посочува генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Неџат Курт, со слетувањето на авион на „ЕasyJet“ од аеродромот „Орли“ во Париз на Меѓународниот аеродром „Скопје“ ќе продолжи ширењето на мрежата на летови.

Ќе го пречекаме првиот лет на „ЕasyJet“ до Меѓународниот аеродром „Скопје“, од аеродромот „Орли“ во Париз, што е важно поради две работи. Првата е дека аеродромот „Орли“ во Париз е управуван од групацијата АДП (Groupe ADP), групација во која „ТАВ Аеродроми“ се членка, а втората важна работа е дека од 2 април патниците на Скопскиот аеродром ќе имаат бенефит да патуваат до еден од најфреквентните аеродроми во Франција, кој нуди бројни домашни и европски летови – истакна Курт за весникот ВЕЧЕР.

Следните нови линии што ќе бидат воведени од Меѓународниот аеродром „Скопје“, од 3 мај, се Барселона и Лион, двете со авиокомпанијата „Визер“.

Ова е уште една одлична вест за патниците на Скопскиот аеродром, особено во однос на повторното воспоставување на авиолинијата до Барселона, бидејќи е многу барана дестинација за патување – вели Курт.

Тој нагласува дека има постојана голема побарувачка за патување, што влева доверба дека аеродромите во Скопје и во Охрид ќе продолжат да се развиваат како клучни регионални портали.

За да го поддржиме ова, во годината на нашата 15-годишнина во Македонија, како „ТАВ Аеродроми“, ја подобруваме аеродромската инфраструктура, ги оптимизираме операциите и обезбедуваме непречено патничко искуство. Посветени сме на тесна соработка со авиокомпаниите, воздухопловните власти, властите во областа на туризмот и со Владата за да ги направиме Скопскиот и Охридскиот аеродром уште поатрактивна дестинација за патници и за деловни можности – констатира Курт.

Во таа насока, тој потсети дека минатата недела, на Охридскиот аеродром беше пречекан првиот лет од Истанбул на „Turkish Airlines“, што ќе биде голема придобивка не само за аеродромот „Свети апостол Павле“ во Охрид туку и за целиот регионот на Охридското Езеро и за целата македонска економија.

Турскиот национален авиопревозник ќе лета од Истанбул до Охрид и назад четири пати неделно, што ќе биде одлична можност за луѓето кои живеат во регионот и кои сега може да патуваат од Охрид директно до Истанбул и пошироко, како и одлична можност за турските граѓани, кои ќе може да откријат нова атрактивна дестинација за одмор – потенцира генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Неџат Курт.

Тој потсетува дека на 2 март, на Меѓународниот аеродром „Скопје“ беше пречекана новата авиокомпанија „Transavia“, која започна да лета од/до Амстердам. „Transavia“, според него, е важна затоа што е дел од групата „KLM Air France“ и ќе лета до аеродромот „Шипхол“, кој е главен авијациски центар во Холандија.

Со летниот ред на летање, кој е на сила од 30 март (вчера), на Меѓународниот аеродром во Скопје, во летната сезона ќе има 47 дестинации управувани од 16 авиокомпании, без чартер-летовите. Од Охридскиот аеродром, во текот на летната сезона и на летниот ред на летање во 2025 година, ќе има седум редовни лета со шест авиокомпании.

━ повеќе содржини

Одбојкарско дерби денес во Штип!

Денес, понеделник, со почеток од 18:00 часот во салата Јордан Мијалков во Штип ќе се одигра одбојкарското дерби во првата македонска одбојкарска лига помеѓу...

“Музичка Фабрика” – Нов национален проект за детска музика кој отвора врати за млади таленти

Музичка Фабрика е првиот национален културно-образовен музички проект за деца, чија мисија е да ја поддржи, развие и афирмира детската музичка креативност. Проектот создава...

Сите добитници на наградите Греми!

Раперот освои пет награди, вклучувајќи ја и онаа за плоча на годината за „Luther“, дует со SZA, како и за најдобар рап албум за...

LED семафорите носат поголеми почетни трошоци, но значителни долгорочни заштеди

Сè повеќе градови ширум Европа и светот се одлучуваат за воведување на LED семафори, кои иако имаат повисока почетна цена, носат големи заштеди на...

„Не знаев дека универзумот ме подготвува за најважната премиера во нашиот живот, те чекаме малечка“, штипската снаа, пејачката Александра Јанева објави дека е бремена

Македонската пејачка Александра Јанева преку социјалните мрежи објави дека е бремена и дека очекува девојче. „Создавајќи албум кој го слави женскиот дух, сила и љубов,...
spot_img