За околу четири месеци треба да биде изградено спомен облежјето за петмината штипјани, кои животот го загубија во пожарот во Пулс. Истото ќе биде лоцирано кај малата фонтана на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип. Спомен-обележјето симболично ќе биде обликувано со пет гулаби и еден ангел – симболи на присуство, бесконечност и светлина. Споменикот е предвиден да биде долг шест метри, а широк 3 метри.
Со овој чин, Штип испрати тивка, но силна порака дека памети и дека никогаш нема да заборави.
,,Да не се заборави, но и да не се повтори никога, многу е тешко. Тешко ми е што зборувам“, велат анкетираните граѓани
,,Toa се наши деца, да не се заборави“, додаваат анкетираните
Ова место ќе прерасне во простор за сеќавање, почит и тивка мисла за нашите сограѓани Филип Ивановски, Дамјан Танески, Александар Ефремов, Филип Стевановски и Александар Коларов. Нивните имиња ќе бидат изгравирани како траен спомен, како сведоштво за животите што оставија неизбришлива трага во срцата на своите најблиски и на целиот град.
Под ѕвезденото небо вчеравечер, граѓаните се собраа во тивка почит, со заедничка мисла дека сеќавањето е најсилната светлина што останува во срцата на Штип







