Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски беше киднапиран во петокот вечер во близина на „Бетон Хол“ во Белград, а неговиот менаџмент ја објасни неговата моментална состојба откако се врати дома.
Миланка Рашиќ од неговиот ПР тим во објава на Фејсбук изјави дека разговарала со Даниел и дека тој пристигнал дома откако ја поминал ноќта во полиција.
„Она што можеме да го потврдиме е дека полицијата бара непознати сторители кои се странци, кои го врзале и го возеле во неговиот автомобил, барајќи му 20.000 евра. Тие се движеле кон Рума, кога сообраќајната полиција се обидела да ги запре. Возилото удрило во банкина, киднаперите излегле од автомобилот и избегале“, напишала Миланка Рашиќ.







