10 C
Shtip
spot_img

Седум работи што никогаш не треба да му ги откривате на ChatGPT

Но, иако AI моделите често нè олеснуваат во извршувањето на секојдневните обврски, нивната употреба носи и извесни ризици, особено кога станува збор за заштитата на личните податоци и приватноста.

Во брзањето да завршиме некоја задача, честопати им споделуваме на четботовите доверливи и чувствителни информации што не би ги кажале ниту на непознат човек. А иако не се луѓе, AI моделите треба да се третираат како такви – она што не би му го кажале на случаен минувач, не треба да го внесувате ниту во разговор со четбот.

Компаниите што ги развиваат овие модели обично тврдат дека разговорите не се користат за дополнително обучување на моделите – иако има исклучоци, како DeepSeek. Сепак, тоа не значи дека информациите исчезнуваат. Разговорите остануваат зачувани во историјата на вашиот кориснички профил, а секој што ќе седне пред вашиот компјутер може да им пристапи.

Што никогаш не треба да му кажете на ChatGPT (или на било кој друг AI модел)?

1. Лични податоци
Никогаш не внесувајте име и презиме, адреса на живеење, матичен број, број на лична карта, пасош или фотографии од документи. Ако ви треба помош за пишување биографија, побарајте шаблон што ќе го пополните самостојно.

2. Финансиски информации
Податоци за банкарски сметки, кредитни картички или електронско банкарство се апсолутно неприфатливи за споделување со AI. Дури и ако барате совет за кредит или даночни олеснувања, користете измислен пример.

3. Лозинки
Не споделувајте лозинки, токени или други безбедносни податоци. Како што не би му дале клуч од стан на странец, така не треба ни на вештачка интелигенција.

4. Чувствителни или доверливи информации
AI не е пријател што чува тајни. Приватни детали за семејство, партнери, здравствени состојби или колеги не треба да бидат дел од разговорот со четбот.

5. Податоци за компанијата каде што работите или соработувате
Иако звучи практично да побарате ChatGPT да ви напише договор врз база на податоци од компанијата, тоа може да биде сериозен безбедносен пропуст. Прототипи, патенти, финансиски планови или внатрешни документи – сето тоа треба да остане надвор од AI моделите.

6. Експлицитна или ризична содржина
Дури и ако е на шега, прашања како „како да се ослободам од некого засекогаш“ можат да предизвикаат сериозни последици. Некои четботови можат дури и да ги пријават ваквите содржини.

7. Медицински податоци
Иако ChatGPT може да помогне со објаснување на медицински термини, никогаш не внесувајте резултати со лични податоци. Поставувајте прашања во општа форма, на пример: „Кои вежби се препорачуваат за маж во триесетите со ишијас?“

Златно правило:
Ако не сте сигурни дали треба да внесете некоја информација во разговор со вештачка интелигенција, запрашајте се: „Би ми било ли пријатно ова да се појави на интернет или во медиумите?“ Ако одговорот е „не“, тогаш не го внесувајте ниту во четботот.

━ повеќе содржини

„Виз Ер“: Летовите до и од Саудиска Арабија, Израел, Дубаи, Абу Даби и Аман се суспендирани до 7 март

„Виз Ер“ во својот официјален став потврдува дека поради тековната безбедносна ситуација во регионот, летовите до и од Саудиска Арабија се суспендирани до 7...

Јелена Томашевиќ се сруши на бина, итно пренесена во болница

Јелена Томашевиќ го прекина концертот во Бар по една испеана песна, откако ѝ се слоши на бината пред преполната сала. Таа и нејзиниот сопруг...

Војдан Стојановски испишува нова страница во историјата на македонската кошарка

Настапот против Луксембург, беше 89-ти за Војдан Стојановски во дресот на македонската репрезентација, со што тој се изедначи на првото место на вечната листа...

Цените на нафтата би можеле да „експлодираат“ после нападите врз Иран

Цените на нафтата нагло пораснаа утрово, додека берзите паднаа во раното тргување, по почетокот на нападите на САД и Израел врз Иран во текот на викендот. Цената...

Забраната на мобилни телефони ги оживеа училишните дворови

Училишните дворови во германскиот Солинген повторно се исполнети со детска игра и разговори, откако во целиот град беше воведена забрана за користење социјални мрежиза учениците...
spot_img