24 C
Shtip
spot_img

Саудиска Арабија планира да го изгради највисокиот облакодер во светот – 2 километри до небото!

Саудиска Арабија повторно го привлекува светското внимание со амбициозен мегапроект – изградба на највисоката зграда на планетата, наречена „Rise“.

Со импресивна висина од два километри, овој облакодер вреден 5 милијарди долари ќе биде централен дел од футуристичкиот развоен проект „North Pole“ во Ријад.

Светот на архитектурата и урбаното планирање е на прагот на нова ера. Саудиска Арабија смело најавува проект кој ќе ги помести границите на човечката инженерска способност – изградба на „Rise“, кула која ќе се издигнува неверојатни два километри во висина и ќе стане нов симбол на амбиција и иновација.

Проектот „North Pole“, во кој ќе биде сместена кулата „Rise“, е замислен како нов економски центар на Ријад, опишан како град на иднината. Овој огромен комплекс ќе се простира на површина од 306 квадратни километри и ќе вклучува станбени, деловни и индустриски зони, создавајќи интегриран урбан екосистем.

Плановите за „North Pole“ вклучуваат иновативни транспортни решенија, како што се воздушни такси и најсовремен систем за транспорт кој ќе се потпира на автономни возила и метро, со цел да се обезбеди ефикасна поврзаност во рамките на градот.

Во срцето на овој грандиозен проект ќе се наоѓа кулата „Rise“, која се очекува да стане глобална туристичка и деловна атракција, препознатлив белег на Ријад и сведок за амбициите на Саудиска Арабија.

Дизајнот на оваа колосална структура е доверен на реномираната лондонска архитектонска фирма „Foster + Partners“. Сепак, реализацијата на овој проект ќе биде долг процес, а завршувањето на кулата не се очекува пред 2060 година.

Со своите два километри висина, „Rise“ ќе ги надмине сите постоечки и планирани облакодери во светот. За споредба, актуелниот рекордер, Бурџ Калифа во Дубаи, е висок 830 метри, а планираната кула Џеда во Саудиска Арабија требаше да достигне висина од околу еден километар.

Саудискиот државен инвестициски фонд веќе ги покани меѓународните градежни компании да достават понуди за управување со овој мегапроект, што укажува на сериозноста на намерите за негова реализација.

━ повеќе содржини

Што е тивок мозочен удар и КАКО ДА ГО ПРЕПОЗНАЕТЕ?

Незабележливиот мозочен удар всушност се нарекува минлив исхемичен напад (TIA), а е познат и како „мини-мозочен удар“ или „минлив напад“. Тоа е привремена состојба...

Парамаунт продаден за осум милијарди долари

Американските регулатори ја одобрија продажбата на холивудското студио Парамаунт на продукциската компанија на милијардерот Дејвид Елисон, Скајденс, за осум милијарди долари, приближно една година...

Пензиите линеарно се зголемуваат за 2.000 денари

Собранието на Р. Македонија во рамки на 63. седница со 79 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржани“ ги усвои измените на Законот...

Кој е Мурат Шамил Шен, новиот сопственик на ФК Брегалница?

Од неодамна, фудбалскиот клуб Брегалница од Штип има нов сопственик, тоа е турскиот стопанственик Мурат Шамил Шен. За него се знае дека има искуство...

Дневен хороскоп за петок (25/07)

ОВЕН Ќе се почувствувате благодарни што ќе успеете да му помогнете некому во некој голем проблем. Оваа личност може да биде ваш шеф, родител или...
spot_img