0.3 C
Shtip
spot_img

Речиси една третина од граѓаните на ЕУ користат алатки за вештачка интелигенција! Рангирана е и Македонија!

Во 2025 година, алатките за генеративна вештачка интелигенција (ВИ) ги користеле 32,7 проценти од жителите на Европската Унија на возраст од 16 до 74 години, покажуваат најновите податоци од Европскиот завод за статистика (Евростат).

Најголем број корисници ги примениле овие технологии за лични цели (25,1 процент), додека 15,1 процент ги користеле за деловни цели, а 9,4 проценти како дел од формалното образование.

Меѓу земјите-членки на ЕУ, генеративната вештачка интелигенција била најраспространета во Данска, каде што ја користеле 48,4 проценти од граѓаните. Потоа следуваат Естонија со 46,6 проценти и Малта со 46,5 проценти од корисниците. Најмал удел на граѓани кои користат алатки за генеративна вештачка интелигенција е забележан во Романија (17,8 проценти), Италија (19,9 проценти) и Бугарија (22,5 проценти).

Северна Македонија и Босна и Херцеговина ја престигнаа Србија
Како што може да се види на интерактивната мапа на Евростат, во нашата земја 18,6 проценти од граѓаните користеле алатки за генеративна вештачка интелигенција во 2025 година, што е значително под просекот на ЕУ, а само малку повеќе од Романија. Во регионот, Србија е престигната во користењето на алатки за вештачка интелигенција од Хрватска со 27,5 проценти, Северна Македонија со 22 проценти и Босна и Херцеговина со 20,3 проценти.

Податоците на Евростат доаѓаат од истражување за користењето на информатичко-комуникациските технологии во домаќинствата и меѓу поединците, и се дел од поширока анализа на дигиталната економија и општество, презентирана во посебна публикација.
Дигиталната исклученост сè уште постои во некои земји од ЕУ
Истражувањето за користењето на информатичко-комуникациските технологии покажува големи разлики меѓу земјите од Европската Унија кога станува збор за користењето на интернет меѓу поединците. Анкетата вклучува податоци за тоа дали граѓаните го користеле интернетот во последните три месеци, пред повеќе од три месеци или никогаш не го користеле.

Во 2025 година, Данска, Холандија и Луксембург регистрираа најголем удел на граѓани кои користеле интернет во трите месеци пред анкетата – повеќе од 99 проценти. Според тоа, во овие три земји уделот на населението кое никогаш не користело интернет бил помал од еден процент.

Спротивно на тоа, највисок процент на граѓани кои никогаш не користеле интернет е регистриран во Хрватска, Португалија и Грција, каде што уделот бил околу 10 проценти во 2025 година.

━ повеќе содржини

Познатите се собраа на големата прослава кај Огњен Амиџиќ: Наздравуваат од срце за малата Лола

Телевизискиот водител Огњен Амиџиќ по третпат стана татко. Со сопругата Мина ја доби ќерката Лола, име кое родителите заеднички го избраа. За брачната двојка...

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против Бислимоски

Финансиската полиција поднесе кривична пријава до Обвинителството во Скопје против Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), под сомнение дека ја злоупотребил...

Лукоил продаден на Американци

Вториот најголем руски производител на нафта, Лукоил, соопшти дека постигнал договор за продажба на поголемиот дел од своите средства во странство на американската инвестициска...

Клиника Жан Митрев официјално акредитирана како Европски центар за третман на дебелина – EASO Collaborating Centre for Obesity Management (COM)

Центарот за менаџмент на обезност (дебелината) при Клиника Жан Митрев се стекна со престижниот статус EASO Collaborating Centre for Obesity Management (COM) и е...

Најактуелните филмови и серии на Нетфликс!

Анимираниот филм „Кеј-поп: Ловци на демони“ стана најгледан филм на „Нетфликс“ во период од шест месеци, со што дефинитивно ја зацврсти својата позиција како...
spot_img