28.6 C
Shtip
spot_img

Проф. Д-р Дејан Мираковски е старо-нов ректор на УГД во Штип

 Дејан Мираковски доби уште еден мандат, како ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип. Претседателот на Комисијата за избор на ректор на УГД, проф.д-р Дејан Маролов денеска соопшти дека гласањето заврши на сите 15 единици на Универзитетот, од кои на 12 факултети и три академии.

-Гласањето се спроведе од 12 до 14 часот. Во врска со пријавениот кандидат професор доктор Дејан Мираковски констатираме дека има 294 гласа за, против гласале 11, не гласале 12 и има пет неважечки ливчиња. Така да можеме да констатираме дека кандидатот професор доктор Дејан Мираковски е повторно избран за ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, рече Маролов.

Реизбраниот ректор на УГД-Штип, Мираковски се заблагодари на професорите и студентите, кои му ја дадоа поддршката и какошто рече во наредните три години ќе ги остварат сите зацртани цели. Тој посочи дека во изминатите три години, како ректор има дадено нова динамика на УГД, кој стана и поотворена институција, поврзана со институциите и на локално и на државно ниво, а исто така и стана членка во новата Алијанса на девет европски Универзитети. Посочи дека има и подобрување на условите за научна истражувачка работа и за професорите и за студентите.

-Со новата европска Алијанса се отвараат нови перспективи за нашиот Универзитет, односно главна, крајна цел е да обезбедиме европско квалитетно студирање и тоа дома. Верувам дека европско студирање и европска диплома дома е тоа што ќе го направи нашиот Универзитет привлечен не само за студентите од нашата земја, верувам и на регионално ниво, изјави Мираковски.

Тој забележа дека Алијансата на деветте европски Универзитети дава многу можности за студентите и за професорите, а крајната цел е во тој процес, студентите да добијат европска диплома. Инаку, Алијансата на деветте Универзитети е финансиски поддржана од фондовите на ЕУ. 

━ повеќе содржини

Слеп човек повторно прогледа по 20 години благодарение на уникатна операција „заб во око“

Повеќе од две децении, 34-годишниот Брент Чепмен од Канада живееше во темнина. Сега повторно може да гледа благодарение на исклучително ретка хируршка процедура наречена...

Џеди Осман: Среќен сум што во мојот Охрид и во Македонија се пратат сите мои успеси

Џеди Осман не успеа со Турција да дојде до посакуваното злато. Неговата репрезентација во финалето на Европското првенство беше поразена од Германија иако тој...

Германија нов европски шампион, падна Турција во драматичното финале

Германија е новиот владетел на европската кошарка! Светските шампиони го освоија и Евробаскет 2025, совладувајќи ја Турција со 88-83 во едно од највозбудливите финалиња...

Свежо цвеќе на оградата на кејот на река Отиња

1.000 саксии со цвеќиња поставува Ј.П. „Исар“ на заштитната ограда во центарот на Штип 500 саксии со цвеќе се поставени за само еден ден на...

Албанија прва во светот ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција

Албанскиот премиер Еди Рама на седница на Националното собрание на Социјалистичката партија ја претстави првата министерка во историјата, креирана со вештачка интелигенција, наречена Диела. Рама,...
spot_img