6.6 C
Shtip
spot_img

Проблем за корисниците на “iPhone”: Се појавуваат апликации што не ги инсталирале

“Apple” ја објави “iOS 18.4” пред само неколку дена, а оваа верзија на нивниот оперативен систем, покрај воведувањето на “Apple Intelligence” во ЕУ, донесе и важни безбедносни ажурирања. Сепак, се појави невообичаен проблем.

Корисниците пријавуваат дека на нивните телефони се појавуваат апликации што не ги инсталирале сами. Како што прв забележа сајтот “MacRumors”, сите пријави се однесуваат на неочекувана појава на несакани апликации.

Во некои случаи, станува збор за апликации што претходно биле инсталирани, но корисникот ги избришал, додека други изгледаат како целосно нови, случајно инсталирани апликации.

„Мојот телефон автоматски почна да ја инсталира играта “Squid Game”, изјавил еден корисник во дискусија на “Reddit”.

„Денес се чувствувам како да користам некој евтин мобилен телефон, каде што по ажурирање на софтверот, случајна апликација се инсталирала без никаква причина“, додал друг.

Повеќето несакани апликации изгледа дека се игри, иако тоа најверојатно е поради големата застапеност на игри на “App Store”.

Еден корисник изјавил дека “Dropbox” бил инсталиран на неговиот “iPhone”, додека друг пријавил дека добил игра и апликација за рецепти “Cooking Mama”.

Во повеќето пријавени случаи, корисниците успеале да ги исклучат вообичаените причини за неочекуваното појавување на апликации. На пример, не изгледа дека тие ги инсталирале на друг уред и дека ја имаат вклучена “iOS” функцијата за автоматска инсталација на апликации.

Корисниците, исто така, тврдат дека нивните уреди не е направен “jailbreak”, ниту пак некогаш користеле продавници за апликации од трети страни.

Изгледа дека проблемот навистина е “баг”, иако засега не може да се утврди колку е раширен. Овој вид на проблем, сепак, најверојатно е поврзан со заднинската база на податоци на “App Store”, отколку со самото ажурирање на “iOS” .

━ повеќе содржини

Календар со неработни денови и државни празници за 2026 година

Во 2026-та нè очекуваат дури 7 до 10 продолжени викенди, па ќе имате многу за планирање. Доколку и вие со нетрпение чекате да видите кои...

Познати добитниците на признанијата 19 декември за 2025 година во Штип!

По повод Денот на градот Штип – Свети Никола, на 19 декември 2025 година ќе бидат доделени општински признанија на поединци и институции кои...

Утре е Св. Никола, заштитник на патниците, децата и сиромашните

Утре пра­вос­лав­ни­те хрис­ти­ја­ни во Ма­ке­до­ни­ја го слават Све­ти Ни­ко­ла Чу­дот­во­рец, еден од најпочитуваните светци. Св. Никола, кој на 19 декември се празнува и е познат...

Полициска акција во Штип: Лишени од слобода неколку полицајци

Синоќа во Штип се спроведе полициска акција. Според досегашните информации, во акцијата се лишени од слобода неколку полициски службеници. Од Основното јавно обвинителство за гонење...

Ова е најскапиот град на светот, а граѓаните живеат во пекол!

Општо земено, трошоците за живот се повисоки во големите градови отколку во помалите места и руралните средини, особено кога станува збор за кирија и...
spot_img