23.4 C
Shtip
spot_img

Приведени двајца возачи кои возеле под дејство на алкохол на територија на СВР – Штип

Двајца возачи, кои возеле под дејство на алкохол на територија на СВР – Штип, во текот на вчерашниот ден биле лишени од слобода, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во одделни случаи, во Штип и во Пробиштип, лишени од слобода биле Д.Ј., на возраст од 35 години од Штип и 45-годишниот С.Г. од село Соколарси, општина Чешиново – Облешево.

– Во првиот случај, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „туран“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека лицето е под дејство на алкохол, односно дека има 1,55 промили алкохол во крвта, по што веднаш било исклучено од сообраќај и задржано во полициска станица. Во вториот случај, исто така при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кочански регистарски ознаки, што го управувал С.Г., за кого било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,64 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, се појаснува во соопштението на МВР.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“

━ повеќе содржини

Три месеци од најголемата несреќа во македонската историја

Најцрната ноќ во македонската историја се случи на 16-ти март во кочанската дискотека „Пулс“ пред точно три месеци. Најавуваниот настап на македонското поп дуо...

Во ист ден, две несреќи со балони со топол воздух во Кападокија – загинал пилот, над 20 туристи повредни

Вчера (15.06) во Кападокија се случиле два инцидента со балони со топол воздух – едната несреќа завршила кобно за пилотот на балонот, а вториот...

Скандал ја тресе Италија: 16 членови на Салернитана завршиле во болница после мечот со Сампдорија

Фудбалска драма со вкус на скандал во Италија. Сампдорија успеа да избегне историско испаѓање во Серија Ц, иако сезоната ја заврши на 18. место...

Дополнете ги резервоарите денес – од полноќ поскапување на горивата

Цените на горивата од вечерва на полноќ се зголемуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. ЕУРОСУПЕР 95, ЕУРОСУПЕР 98+ и ЕУРОДИЗЕЛ поскапуваат за 1,5 денари. Според новите...

Голем број на TikTok-ови за менталното здравје содржат дезинформации

Повеќе од половина од најпопуларните видеа за менталното здравје на TikTok содржат дезинформации, според истражувањето на британскиот „Гардијан“. Експертите ги оценија 100-те најгледани видеа под...
spot_img