7.1 C
Shtip
spot_img

Премиера на новогодишна детска театарска претстава во театарот во Штип

Ве покануваме на детската новогодишна театарска претстава „Новогодишна грешка“, весела и поучна приказна наменета за најмладата публика.

Запознајте ја Лена, како и необичните помошници на Дедо Мраз – Сречка и Влечко, кои ќе нè поведат во авантура полна со смешни ситуации и важни пораки за пријателството, простувањето и добрината. 

“Новогодишна грешка “ од Никола Кузелов
Режија: Марија Минчева Андонов

Играат:
Ава Хусеини
Стефанија Митовска
Мирко Голомеов
Никола Кузелов

Премиера
20.12.2025 год. (сабота)
17:00 часот
Театар Штип

Дојдете заедно да откриеме дали „новогодишната грешка“ ќе се поправи и да ја прославиме Новата година со насмевки и радост! 

Ве очекуваме!

━ повеќе содржини

Спомен обележјето на 5-те штипски ангели треба да биде готово за од прилика 4 месеци

За околу четири месеци треба да биде изградено спомен облежјето за петмината штипјани, кои животот го загубија во пожарот во Пулс. Истото ќе биде...

Градежна офанзива во штипско Ново Село. Се асфалтира улица Кежовица, ќе се гради мост на р.Брегалница, спортски терени…

Се асфалтира улица Кежовица, веднаш позади бањата во штипско Ново село. Жителите и останатите корисници на бањата и физикалната терапија, од денеска добиваат подобра...

Емотивна музичка приказна на штипјанецот Дарко Андонов (ДААН) излезе во музичкиот етер

Деновививе во етер излезе најновата нумера на штипјанецот Дарко Андонов. ДААН продукција во музичкиот свет донесе емотивна музичка приказна инспирирана од моменти на тишина,...

На плеќите на штипјанецот Иван Николов, Радник се пласираше во полуфиналето од купот на БиХ

Македонскиот интернационалец и некогашен капитен на нашата млада репрезентација, Иван Николов вчера беше стрелец за својот тим Радник Бјелина во рамките од Купот на...

Објавени се сите детали за винскиот салон-фестивал “Приказна во чаша” во Штип

Објавена е комплетната програма и список на случувања на претсојниот вински салон-фестивал "Приказна во чаша", кој за прв пат ќе се одржи во нашиот...
spot_img