6.1 C
Shtip
spot_img

Почнува 8. регионална конференција за е-трговија

Во Националната опера и балет во Скопје денеска ќе се одржи 8. регионална конференција за е-трговија, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Како што информираат од Асоцијацијата за е-трговија, оваа година конференцијата доаѓа со свеж концепт – две паралелни сцени, на кои ќе се одржуваат инспиративни главни говори и интерактивни практични работилници.

Непосредно пред официјалниот почеток на рагионалната конференција, во фоајето на Националната опера и балет прес-конференција на која ќе се обратат министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и Нина Ангеловска Станков, претседателка на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ), кои ќе ги претстават новитетите, агендата и клучните теми зад концептот на годинашната конференција, посветена на дигиталната трансформација и иновациите во е-трговијата.

Конференцијата по четврти пат ги отвора вратите за регионалната публика и очекува да собере над 800 учесници – успешни претприемачи, е-трговци, директори, менаџери, како и претставници од владини и невладини организации. Ќе бидат присутни гости од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора, Бугарија, Грција и Хрватска, што ја прави конференцијата најголем и најзначаен регионален настан од ваков вид.

-Ова издание носи и тематско проширување – покрај е-трговијата, фокусот ќе биде ставен на маркетингот и вештачката интелигенција (AI), две области кои ја движат дигиталната трансформација и го забрзуваат развојот на индустријата. Новиот концепт веќе предизвика голем интерес кај компаниите и професионалците од целиот регион, посочуваат од Асоцијацијата.

Потенцираат дека во агендата на конференцијата се вклучени инспиративни презентации, панел-дискусии и практични сесии кои ќе ја доближат иднината на е-трговијата и ќе понудат конкретни алатки за раст на бизнисите.

Конференцијата традиционално ќе почне со обраќање на претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска Станков, која ќе ги претстави клучните трендови и сознанија за развојот на е-трговијата во регионот во 2025 година.

По нејзиното излагање, на главната сцена следуваат презентации и панел-дискусии од претставници на светски познати компании како Dolce & Gabbana, TikTok, Visa, Booking, Publicis Groupe, Brainster Next, Korpa, Bigburg, Direct media, Wolt и многу други. Тие ќе споделат искуства и експертиза во области како што се вештачка интелигенција, анализа на податоци, SEO, маркетинг стратегии, достава, експанзија на бизниси, плаќања и е-трговија.

На паралелните практични сесии, учесниците ќе имаат можност да научат повеќе за користење маркетинг податоци за раст, нови можности за инвестирање, креирање кратки видеа, како и практични алатки за примена на вештачка интелигенција, со експерти од Publicis Groupe, AI at Work by Brainster, Zephyr Angels и Shortsify.co.

Годинешната конференција е поддржана од Visa како платинум партнер, Халкбанк како стратешки партнер, Корпа како партнер за храна и достава, Brainster како AI партнер и A1 како дигитален партнер. Ananas и Casys се златни партнери, а сребрени партнери се Комерцијална банка, IUTE, Филип Морис Интернационал, Сава пензиско друштво, Гранд Скопје, Public Cloud Group и Wolt, заедно со повеќе бронзени партнери.

Повеќе информации за агендата, говорниците и билетите се достапни на официјалната веб-страница: www.ecommerceconference.mk.

━ повеќе содржини

Денес ОК Штип УГД игра ново дерби!

Денес, 09/02/2026 ОК Работнички од Скопје ќе го пречека нашиот ОК Штип УГД во спортската сала Невена Георгиева - Дуња во дербито од третото...

Лука Дончиќ го пропушта NBA All Star-от!

Лука Дончиќ се најде на листата на повредени кај Лос Анџелес лејкерс поради полесно истегнување на задната ложа, па под знак прашалник е неговиот...

SpaceX го става Марс на чекање, приоритет е самоодржлив град на Месечината

Извршниот директор на SpaceX Елон Маск предизвика големо внимание во светот на вселенските технологии откако објави дека неговата компанија веќе го префрлила приоритетот од колонизација на Марс кон...

Од Белград до Лос Анџелес: Ѕвездата на „Stranger Things“ – најпознатиот српски актер од Холивуд Никола Ѓуричко доаѓа во Македонија!

Свеченото одбележување на големиот јубилеј на МНТ започнува на 30 март со стенд-ап шоуто „Шоубиз“ (SHOWBIZ), во изведба на белградскиот и светски познатиот актер...

“Убиствата во соседството” – Нова опасна секта ја демне Бугарија

Бугарските власти истражуваат серија тешки злосторства по откривањето на вкупно шест тела во рок од седум дена, во случај кој, според полицијата, може да...
spot_img