Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, а во попладневните часови се очекува појава на локални врнежи од дожд, особено во западните и југозападните делови од земјата. Во повисоките планински региони можни се услови за слаб снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец, кој на места повремено ќе засилува. Утринските температури се движат од 3 до 9 степени, додека дневните ќе достигнат од 12 до 18 степени Целзиусови.
Во Штип времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне постои можност за краткотраен дожд. Температурата ќе се искачи до околу 16 степени.
Во наредните денови се очекува нестабилно време со повремени врнежи и постепен пад на температурите. Викендот се прогнозира да биде дождлив и на снег на високите места.







