20.4 C
Shtip
spot_img

Општина Штип продава 10 парцели за куќи во Три Чешми – наскоро и парцели за индустрија

Општина Штип на системот „градежно земјиште“ објави 10 парцели со намена А1 – станбено домување во куќи, кои што се наоѓаат во населба Три Чешми или поточно на локалниот пат од левата страна кон селото Сушево. Овие парцели се со површини од 350 до 400 м2 и нивната катност е приземје, два ката и поткровје. Рокот за пријавување на сите заинтересирани е до 28-ми април и оние коишто имаат намера да се пријават имаат обврска да извадат банкарска гаранција во износ од 31 илјада денари. Аукцијата ќе се случи на 30-ти април, при што оние коишто ќе дадат најповолни понуди ќе склучат договор со општина Штип, со којшто договор ќе бидат обврзани во рок од 9 месеци да извадат одобрение за градење, а во рок од 10 години да завршат со градбата на објектот.

На претходната објава исто така имавме објавено 10 парцели во населбата Три Чешми, имаше заинтересираност и токму поради интересот повторно објавуваме нови 10 парцели за граѓаните кои сакаат да си обезбедат ново живеалиште. Се надеваме дека до крајот на годината од ваков тип на градежни парцели ќе имаме можност да продадеме уште најмалку 20, меѓутоа во населба Три Чешми веќе подготвуваме и објава за продажба на парцели со намена Г1, односно индустрија, вели Вишна Шорова Ангелова, секретар на општина Штип.

━ повеќе содржини

Што е тивок мозочен удар и КАКО ДА ГО ПРЕПОЗНАЕТЕ?

Незабележливиот мозочен удар всушност се нарекува минлив исхемичен напад (TIA), а е познат и како „мини-мозочен удар“ или „минлив напад“. Тоа е привремена состојба...

Парамаунт продаден за осум милијарди долари

Американските регулатори ја одобрија продажбата на холивудското студио Парамаунт на продукциската компанија на милијардерот Дејвид Елисон, Скајденс, за осум милијарди долари, приближно една година...

Пензиите линеарно се зголемуваат за 2.000 денари

Собранието на Р. Македонија во рамки на 63. седница со 79 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржани“ ги усвои измените на Законот...

Кој е Мурат Шамил Шен, новиот сопственик на ФК Брегалница?

Од неодамна, фудбалскиот клуб Брегалница од Штип има нов сопственик, тоа е турскиот стопанственик Мурат Шамил Шен. За него се знае дека има искуство...

Дневен хороскоп за петок (25/07)

ОВЕН Ќе се почувствувате благодарни што ќе успеете да му помогнете некому во некој голем проблем. Оваа личност може да биде ваш шеф, родител или...
spot_img