2 C
Shtip
spot_img

Ова е најскапиот град на светот, а граѓаните живеат во пекол!

Општо земено, трошоците за живот се повисоки во големите градови отколку во помалите места и руралните средини, особено кога станува збор за кирија и домување. Сепак, во некои градови впечатокот е дека самото излегување од домот сериозно го оптоварува домашниот буџет.

Редакцијата на „Тајм аут“ секоја година анкетира десетици илјади жители низ светот за да состави листа со најдобрите градови за живот. Иако квалитетот на ноќниот живот, гастрономијата и настаните од културата се важни фактори, пристапноста е еднакво значаен фактор при оценувањето на еден град.

Затоа, од локалните жители во повеќе од 100 града било побарано да проценат колку се пристапни секојдневните активности, како одење во ресторан, на кино, на кафе, во галерија или музеј, во театар или на стендап-настап, на концерт, на пијалак во бар, како и вечерни излегувања. Врз основа на одговорите на оние што рекле дека овие активности се евтини, бесплатни или пристапни, биле анализирани податоците за да се добие слика за најскапите и најповолните градови за живот според мислењето на луѓето што навистина живеат во нив.

Најскапи градови

Со најниска вкупна оцена за пристапност, Сеул е прогласен за најскап град на листата. Само 30 отсто од испитаниците во главниот град на Јужна Кореја сметаат дека одењето во ресторан е пристапно, додека само 21 отсто го кажале истото за вечерни излегувања. Кога станува збор за пијалак во бар, 27 отсто од жителите навеле дека тоа е евтино.

На листата со скапи градови се најде и Осло, главниот град на Норвешка. Тој веќе има репутација на град во кој излегувањето во ресторан е исклучително скапо, а податоците од анкетата го потврдуваат тоа. Осло доби најниска оцена за пристапност на оброци во рестораните од сите анкетирани градови бидејќи само 24 отсто од локалното население оценило дека таков излез е финансиски прифатлив.

Фото: Freepik
Меѓу скапите градови се најдоа и Лондон, Сиднеј и Лос Анџелес, кои се појавија и во годинешниот извештај на „Хенли енд партнерс“ за најскапи градови во светот. Лондон е прогласен за најскап град за ноќно излегување бидејќи само 16 отсто од испитаниците рекле дека тоа е пристапно. Од друга страна, британската престолнина се истакнала како еден од најповолните градови за уживање во уметноста бидејќи дури 83 отсто од лондончаните сметаат дека уметноста и културата во нивниот град се евтини или бесплатни.

Најповолни градови

На спротивниот крај од листата се наоѓаат два града од Колумбија: Меделин и Богота, кои локалните жители ги оцениле како најповолни за живот. Во Меделин 89 отсто од испитаниците рекле дека одењето во ресторан е пристапно, 83 отсто сметале дека пијалак во бар е поволен, а дури 94 отсто навеле дека кафето е евтино.

Изненадувачки за многумина, два големи кинески градови, исто така, се најдоа на листата на поволни. Според локалното население, одењето во театар во Пекинг и во Шангај не претставува голем трошок, што го потврдиле 73 отсто од испитаниците во Пекинг и 72 отсто во Шангај.

Единствениот американски град меѓу поволните е Њу Орлеанс, кој е особено добро оценет кога станува збор за концерти во живо и пијалаци во барови.

Важно е да се напомене дека истражувањето на „Тајм аут“ се фокусирало исклучиво на трошоците за излегувања и забава во градовите, без да ги земе предвид трошоците за домување, кирија и прехранбени производи.

Листа според истражувањето

Најскапи градови за живот (според мислењето на локалното население):
Сеул, Истанбул, Осло, Стокхолм, Кјото, Атина, Сиднеј, Окланд, Минхен, Бризбејн, Лос Анџелес, Сингапур, Лондон, Ванкувер и Мајами.

Најповолни градови за живот: Меделин, Богота, Пекинг, Њу Орлеанс, Наполи, Ханој, Чианг Мај, Шангај, Лима, Џакарта, Јоханесбург, Бангкок, Абу Даби, Сантијаго и Кејптаун.

━ повеќе содржини

Познатите се собраа на големата прослава кај Огњен Амиџиќ: Наздравуваат од срце за малата Лола

Телевизискиот водител Огњен Амиџиќ по третпат стана татко. Со сопругата Мина ја доби ќерката Лола, име кое родителите заеднички го избраа. За брачната двојка...

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против Бислимоски

Финансиската полиција поднесе кривична пријава до Обвинителството во Скопје против Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), под сомнение дека ја злоупотребил...

Лукоил продаден на Американци

Вториот најголем руски производител на нафта, Лукоил, соопшти дека постигнал договор за продажба на поголемиот дел од своите средства во странство на американската инвестициска...

Клиника Жан Митрев официјално акредитирана како Европски центар за третман на дебелина – EASO Collaborating Centre for Obesity Management (COM)

Центарот за менаџмент на обезност (дебелината) при Клиника Жан Митрев се стекна со престижниот статус EASO Collaborating Centre for Obesity Management (COM) и е...

Најактуелните филмови и серии на Нетфликс!

Анимираниот филм „Кеј-поп: Ловци на демони“ стана најгледан филм на „Нетфликс“ во период од шест месеци, со што дефинитивно ја зацврсти својата позиција како...
spot_img