18.6 C
Shtip
spot_img

Нов тренд во филмската индустрија – режисерите ангажираат актери без искуство

15-годишниот Овен Купер е новото лице на актерската сцена. Тој дебитира во серијата „Адолесценција“ на „Нетфликс“ и ги воодушеви гледачите. Кога беше на аудиција за серијата, имаше 13 години и немаше никакво актерско искуство, иако многумина поради неговата убедливост би помислиле дека станува збор за искусен професионалец.

Креаторот на серијата, Стивен Греам, го избрал Овен од 500 момчиња што се пријавиле на аудицијата. Освен што има уникатни способности во актерството, Греам открил една од главните причини зошто го ангажирал токму Купер.

Креаторот сакал некој од работничката класа

– Се обидуваме да создадеме можности пред и зад камерата за деца од работничката класа или за оние што инаку не би имале такви можности. Сакаме некој нов и некој кој не е навикнат на начинот на кој работиме – изјави Греам.

Неговиот инстинкт бил добар – Купер бил толку убедлив во портретирањето на Џејми Милер што веднаш по серијата ја добил улогата на младиот Хитклиф во новата адаптација на „Оркански височини“, каде што колешка ќе му биде Маргот Роби.

Сѐ почест тренд на вработување неискусни тинејџери

Медиумскиот експерт Чад Теиксеирија вели дека ова станува сѐ почест тренд. Избирањето актери без актерска заднина обезбедува реалистично прикажување на одредена заедница, што доведува до возбудливо искуство при гледањето на серијата или филмот.

– Пред неколку години патот до Холивуд (или барем британската драма) беше поплочен со години обука на Академијата за драмски уметности во Лондон, Шекспирови монолози и одбивања од Националниот театар за млади. Но денес? Потребно е само убедливо лице, интригантна приказна и способност да изгледате нерасположено пред камера – вели Теиксерија.

Тој смета дека публиката е жедна за нешто поинакво.

– Видовме премногу извежбани изведби. Сега сакаме да му веруваме на актерот. Сакаме неуреден, ненапишан шарм. Сакаме да се чувствуваме како да ѕиркаме во реалниот живот, а не како да гледаме некој што поминал години усовршувајќи го својот акцент – додава Чад.

Иако неискусните актери често добиваат пофалби, Теиксеирија предупредува дека оваа метода не секогаш дава резултати.

– Секако, овој пристап не успева секогаш. Понекогаш се гледа недостигот на искуство. Постои причина зошто актерите со години вежбаат – затоа што актерството е вештина. Но, кога успева, навистина успева. Нема сомнеж во магијата кога гледате некој што никогаш не глумел како апсолутно ја поседува улогата, како да е роден за неа. И да бидеме искрени, постои нешто возбудливо во идејата дека некој преку ноќ може да премине од продавач во продавница до главна улога во филм – заклучува Овен.

━ повеќе содржини

Што е тивок мозочен удар и КАКО ДА ГО ПРЕПОЗНАЕТЕ?

Незабележливиот мозочен удар всушност се нарекува минлив исхемичен напад (TIA), а е познат и како „мини-мозочен удар“ или „минлив напад“. Тоа е привремена состојба...

Парамаунт продаден за осум милијарди долари

Американските регулатори ја одобрија продажбата на холивудското студио Парамаунт на продукциската компанија на милијардерот Дејвид Елисон, Скајденс, за осум милијарди долари, приближно една година...

Пензиите линеарно се зголемуваат за 2.000 денари

Собранието на Р. Македонија во рамки на 63. седница со 79 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржани“ ги усвои измените на Законот...

Кој е Мурат Шамил Шен, новиот сопственик на ФК Брегалница?

Од неодамна, фудбалскиот клуб Брегалница од Штип има нов сопственик, тоа е турскиот стопанственик Мурат Шамил Шен. За него се знае дека има искуство...

Дневен хороскоп за петок (25/07)

ОВЕН Ќе се почувствувате благодарни што ќе успеете да му помогнете некому во некој голем проблем. Оваа личност може да биде ваш шеф, родител или...
spot_img