22.3 C
Shtip
spot_img

„Новото медитеранско чудо“ на Охридското Езеро – еве зошто странците летово го избираат Поградец

Ако летово сте во потрага по одмор што нуди природна убавина, автентична храна, историја, култура, а притоа е лесно достапен и со прифатливи цени – Поградец е вистинскиот избор. Барем за кратка посета.

Ова гратче на југот на Охридското Езеро, оддалечено само триесетина минути од македонската граница, е едно од најпозитивните изненадувања на туристичката сцена за 2025 година. Европските туристички портали сè почесто го истакнуваат како „новото медитеранско чудо“ за љубителите на природата и спокојниот летен одмор.

Сезоната во Поградец започна на 1 јуни, со богата програма која вклучи пливачки натпреварувања, фестивали на традиционални занаети, улична уметност, концерти, спортски активности и гастрономски манифестации. Туристите, особено оние од земјите на Европската унија, веќе го преплавуваат градот, а најбројни се Британците, Германците и Италијанците.

Посебно внимание оваа година се посветува на комбинираните туристички пакети во соработка со Охрид и Струга, што овозможува лесно и безбедно патување околу езерото, со заеднички културни и спортски програми.

Ноќевање и за 25 евра

Поградец располага со повеќе од 40 хотели и стотици приватни сместувачки капацитети. Цените за ноќевање се значително пониски од оние на другите популарни дестинации – двокреветна соба во хотел од три или четири ѕвезди се движи од 30 до 60 евра, додека апартманите за семејства може да се најдат за околу 25 евра по ноќ. Повеќето места нудат и појадок, бесплатен паркинг, Wi-Fi и пристап до приватни плажи.

Плажите во Поградец се чисти, песочни и лесно достапни. Градската плажа е целосно реновирана со нови шеталишта, бесплатни лежалки и чадори во одредени зони, а водата е кристално чиста.

За љубителите на активен одмор, достапни се водени спортови како кајак, педалинки и падлборди, по симболични цени.

Летово особено внимание привлекува новиот бар на плажа и ноќен клуб „El Cironka“, кој стана симбол на модерната страна на Поградец – омилено место за младите и за туристите кои сакаат вечерно уживање со коктели и музика покрај езерото.

Што да јадете?

Гастрономијата е уште една силна страна на оваа дестинација. Најголем локален специјалитет е циронката – мала риба од езерото, сервирана пржена или маринирана, со лимон, лук и зачини. Популарни се и таве д’ел, риба приготвена во рерна со домати, со кромид и зачини, како и локалните сирења и домашниот леб испечен во фурна на дрва.

Во рестораните покрај езерото оброкот чини од 8 до 15 евра по лице, со свежа риба, домашни салати, десерти и традиционални пијалаци.

Што да се посети?

Покрај гастрономијата, Поградец нуди и богата културно-историска понуда. На само неколку километри се наоѓа археолошкото село Лин, со остатоци стари повеќе од 8.500 години – едни од најстарите во Европа. Над градот се издига античка тврдина од 5 век п.н.е., од која се отвора неверојатен поглед кон езерото. Паркот Дрилон е вистинска оаза за оние кои сакаат зеленило, се

Поградец се гордее со својата автентичност и традиција, но истовремено инвестира и во модерна инфраструктура. Градот се развива со нови пешачки зони, уметнички инсталации и планови за железничко поврзување со Грција. Особено е значаен фокусот на одржливост – со поддршка на локални производители, организирани акции за чистење и проекти за еко-туризам.

Туристите можат да купат мед, домашна ракија, сушена циронка во стакло, текстилни производи и керамички сувенири на локалните пазари и бутици во центарот на градот.

Летото 2025 во Поградец не е само одмор, туку доживување – од исклучителната природа и локалната култура, до европската енергија што се чувствува на секој чекор. Ова е вистинско време да го откриете ова бисерче на Охридското Езеро, кое од година во година станува сè попосакувана точка на мапата на Југоисточна Европа.нка и рекреација покрај каналите и езерцата со бели лебеди.

━ повеќе содржини

Слеп човек повторно прогледа по 20 години благодарение на уникатна операција „заб во око“

Повеќе од две децении, 34-годишниот Брент Чепмен од Канада живееше во темнина. Сега повторно може да гледа благодарение на исклучително ретка хируршка процедура наречена...

Џеди Осман: Среќен сум што во мојот Охрид и во Македонија се пратат сите мои успеси

Џеди Осман не успеа со Турција да дојде до посакуваното злато. Неговата репрезентација во финалето на Европското првенство беше поразена од Германија иако тој...

Германија нов европски шампион, падна Турција во драматичното финале

Германија е новиот владетел на европската кошарка! Светските шампиони го освоија и Евробаскет 2025, совладувајќи ја Турција со 88-83 во едно од највозбудливите финалиња...

Свежо цвеќе на оградата на кејот на река Отиња

1.000 саксии со цвеќиња поставува Ј.П. „Исар“ на заштитната ограда во центарот на Штип 500 саксии со цвеќе се поставени за само еден ден на...

Албанија прва во светот ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција

Албанскиот премиер Еди Рама на седница на Националното собрание на Социјалистичката партија ја претстави првата министерка во историјата, креирана со вештачка интелигенција, наречена Диела. Рама,...
spot_img