7 C
Shtip
spot_img

Нови правила за влез во ЕУ и за македонските државјани

Новиот систем за влез/излез на ЕУ започнува со постепена примена од 12 октомври. Ова е мерка што се презема за зајакнување на безбедноста на сите влезни точки на ЕУ


Македонските граѓаните во иднина при влез во Шенген зоната на Европската Унија ќе мора да остават биометриски податоци – отисок од прст и фотографија, согласно новиот систем за влез-излез на ЕУ. 

Системот за влез-излез во ЕУ започнува со постепена примена од 12 октомври и ќе трае во следните шест месеци, по што ќе се применува на сите влезни точки во Шенген зоната.  Со него е предвидено дека деца до 12 години нема да има потреба да оставаат биометриски податоци. 

„Системот за влез/излез на ЕУ започнува со постепена примена од 12 октомври. Ова е мерка што се презема за зајакнување на безбедноста на сите влезни точки на ЕУ.Ќе биде постепена, но и ќе го олесни процесот на влез во ЕУ“, вели евроамбасадорот Михалис Рокас. 

Во пракса, тоа значи дека граѓани од трети земји ќе треба еднаш да се регистрираат со отисок од прст и фотографии, но откако ова еднаш ќе се направи, следниот пат ќе може да се користи автоматскиот влез на аеродромите. 

Новите правила за влез во ЕУ се најавуваа веќе подолго време.  „Се регистрира секој влез, излез и евентуално недозволување на влез. Има две главни цели. Прво е јакнење на безбедноста на границата- сакаме да знаеме кој влегува и кој е во Шенген зоната, како и да се идентификуваат луѓето кои влегуваат за да се намалат измамите со идентитет, но и да се намалат злоупотребите со пречекорување на 90-дневната дозвола за престој. Второ е ефикасност и брзина. Откако ќе биде целосно имплементиран се очекува да биде побрзо и полесно влегувањето во ЕУ“, објави МИА повикувајќи се на брифинг од Делегацијата на ЕУ во Македонија. 

Имплементацијата на системот е предвидено да се одвива во четири фази и секоја од земјите од Шенген зоната ќе има своја динамика на имплементација.

━ повеќе содржини

Денес стартува Ф4 во Купот. ОК Штип УГД ја брани титулата од претходните две сезони

Денес, со почеток од 17:30 часот, екипата на одбојкарскиот клуб Штип УГД го започнува походот кон одбрана на куп-титулата во националниот одбојкарски куп. Во...

Боксерската лига започнува во недела од Штип

Во недела (29 март) Штип ќе биде домаќин на првото коло од Првата македонска боксерска лига кое ќе се одржи во спортската сала на...

Познатиот гинеколог Д-р Владимир Трајковски гостува на кафе-средба во Штип!

Во сабота (28.03.2026) со почеток од 13:00 часот во просториите на Мултимедијалниот центар Канал 77 во Штип ќе се одржи кафе-средба со Д-р Владимир...

Од стручен агол: Прогноза за почетните 11-мина вечерва против Данска

Фудбалската репрезентација на Македонија е на два чекори од Светско првенство. Сонот за пласман на Мундијал е блиску до реализација, но ќе стане вистина...

Необично истражување: Ајкулите на Бахамите се позитивни на кокаин и кофеин

Ново научно истражување открива дека кај ајкулите во водите околу Бахамите за првпат се пронајдени траги од кокаин, кофеин и аналгетици во крвта. Ова...
spot_img