6.4 C
Shtip
spot_img

Никола Митев – штипскиот бисер роден во Италија, го носи дресот на Сасуоло, а доби повик од македонската репрезентација

Никола Митев, млад но голем фудбалски талент, роден во Италија со потекло од Штип, а веќе е на радарот на големите италијански клубови.

16-годишниот Митев моментално е член на италијански Сасуоло, откако претходно беше дел од Пјаченца.

Се работи за голем фудбалски талент кој располага со голема брзина, одбранбени вештини и удар со глава, а неговиот талент го прави да игра на сите позиции во одбранбената линија. Тој игра како централен одбранбен играч, но може да игра и како десен или лев бек со десна нога.

Големиот талент со потекло од Штип доби и повик за во репрезентацијата на Македонија до 17 години, а на кој повик младиот Митев со гордност прифати и допатува во Македонија да го носи дресот на македонската репрезентација.

Тој ги одигра трите натпревари за македонската репрезентација до 17 години на квалификацискиот турнир за пласман во елитната фаза квалификациите за место на Европското првенство против Унгарија, Чешка и Гибралтар.

Натпреварите се играа во Струмица, а Македонија успеа да го оствари еден од најзначајните резултати во младинскиот фудбал во последните години со обезбедувањето пласман во Елитната фаза од квалификациите за Европското првенство, генерација во која и младиот талент Никола Митев, член на италијански Сасуоло е значаен дел од самата репрезентација.

Пред Митев има голема и блескава иднина, кој сигурно е дека ќе биде гордост на градот под Исарот, но и на Македонија.

Teкстот е превземен од Мнет.

━ повеќе содржини

Денес ОК Штип УГД игра ново дерби!

Денес, 09/02/2026 ОК Работнички од Скопје ќе го пречека нашиот ОК Штип УГД во спортската сала Невена Георгиева - Дуња во дербито од третото...

Лука Дончиќ го пропушта NBA All Star-от!

Лука Дончиќ се најде на листата на повредени кај Лос Анџелес лејкерс поради полесно истегнување на задната ложа, па под знак прашалник е неговиот...

SpaceX го става Марс на чекање, приоритет е самоодржлив град на Месечината

Извршниот директор на SpaceX Елон Маск предизвика големо внимание во светот на вселенските технологии откако објави дека неговата компанија веќе го префрлила приоритетот од колонизација на Марс кон...

Од Белград до Лос Анџелес: Ѕвездата на „Stranger Things“ – најпознатиот српски актер од Холивуд Никола Ѓуричко доаѓа во Македонија!

Свеченото одбележување на големиот јубилеј на МНТ започнува на 30 март со стенд-ап шоуто „Шоубиз“ (SHOWBIZ), во изведба на белградскиот и светски познатиот актер...

“Убиствата во соседството” – Нова опасна секта ја демне Бугарија

Бугарските власти истражуваат серија тешки злосторства по откривањето на вкупно шест тела во рок од седум дена, во случај кој, според полицијата, може да...
spot_img