18.4 C
Shtip
spot_img

Неисправност на хидрантна мрежа и блокирани излези за евакуација најчести проблеми во зградите

Хидрантските кутии во зградите зјаат празни и неисправни, повеќето од цревата кои треба да гасат пожари се украдени, а некои пак дури и продадени, меѓудругото, да се купеле сијалици за влезовите.

Наместо проодни и слободни, онаму каде што ги има, скалите за евакуација се претворени во остави, последните инспекциски контроли детектираа низа неправилности кои можат да бидат сериозна опасност по граѓаните. Од ДЗС велат дека не е подобра состојбата ниту кај угостителските објекти, односно, речиси половина од досега контролираните добиле забрана за работа. немале ниту план за заштита при пожари, а, и ако имале ПП-апарати, биле несервисирани.

– До 26.03 се извршени вкупно од ДЗС – 73 контроли, од кои 24 субјекти имаат привремено забрана за вршење на дејност односно за работа во согласност со тоа што е утврдено од страна на инспекторите на лице место, дали постои одредена опасност по безбедноста на граѓаните и врз основа на тоа донесени се одредени забрани. Овие мерки што се издадени на субјектите од страна на инспекторите на ДЗС, доколку во временски дадениот рок не ги отстранат, не ги анулираат тие забелешки што се детектирани ќе следуваат и соодветни санкции. Граѓаните во тој дел мора да знаат дека ќе бидат заштитени од страна на инспекторите на ДЗС, а оваа акција нема тука да застане, ќе продолжиме се со цел да се анулираат тие забелешки се со цел граѓаните да бидат безбедни. – Кашмир Салиу – Заменик директор на ДЗС

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски вели дека што се однесува до јавните установи во општината, инспекциите утврдиле дека се според законски прописи и безбедни. Проблем, посочува, има кај станбените објекти, особено оние постарите каде се утврдени недостатоци. Управителите на зградите веќе биле контактирани да информираат за состојбите до даден рок, кои потоа ќе ги проверат и инспекторите. Доколку извештаите бидат различни инспекторите ќе казнуваат. Ѓорѓиевски вели, покрај инситуциите, безбедноста е одговорност и на граѓаните.

– По истекот на тој рок, ќе се спроведуваат дополнителни проверки за да се утврди дали зградите се усогласиле со законските прописи. Во случаи кога нема усогласеност, ќе бидат изречени соодветни санкции. Сметам дека освен засилени контроли, мора да има и ригорозни санкции за оние кои нема да ги почитуваат безбедносните прописи. Само така ќе можеме да спречиме трагедии како онаа што се случи во Кочани. Општините, како и државата, имаат обврска да обезбедат систем што ќе гарантира заштита на животите на граѓаните, но без свесност и активна вклученост од страна на самите жители, нема да можеме целосно да го решиме проблемот. – Орце Ѓорѓиевски – Претседател на ЗЕЛС и градоначалник на Кисел Вода

За алармантноста на состојбата најмногу говорат последните изјави на градоначалникот на Чаир – Ганиу и на Карпош – Јакимовски. Во Чаир, според изјавата на Ганиу, од 9 училишта, 7 биле дивоградба и немале имотен лист. Јакимовски пак сподели информација дека од 800 згради во општината, само една била според безбедностните стандарди.

Иницијална каписла за контролите кои интензивно се вршат ширум државата беше пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, која ниту исполнувала безбедносни стандарди, ниту имала соодветна лиценца за работа.

━ повеќе содржини

Заврши асфалтирањето пред ОУ „Ванчо Прке“ и ТЦ – следува градежна офанзива

Завршени се градежните активности за асфалтирање на платформата пред основното училиште „Ванчо Прке“, како и на конзолата пред Трговскиот центар. Овие зафати се дел...

Асфалтирано платото и паркингот пред фудбалскиот терен на Бело Брдо

Денес беше завршено асфалтирањето на платото и паркинг површината пред фудбалскиот терен во населбата Бело Брдо, со што се подобрува пристапот и условите за...

Во недела ќе се одржи првиот таеквондо турнир „Штип опен 2025“

Во недела Таекводно клубот Штип и Македонска таеквондо федерација го организираат првиот таеквондо турнир „Штип опен 2025“. Турнирот ќе се одржи во спортска сала „Јордан...

Лани во Македонија се случиле над 2 илјади разводи!

Во 2024 година бројот на склучените бракови е намален за 12.7 % во споредба со 2023 година. Просечната возраст при склучувањето прв брак е...

Рачниот менувач заминува во историјата?

Рачниот менувач наскоро може да биде минато, бидејќи најновите бројки покажуваат дека многу малку нови автомобили се достапни со овој тип на менувач. Статистиката е...
spot_img