8.9 C
Shtip
spot_img

На СП во фудбал кое ќе се одржи догодина, останаа уште 20 слободни места, досега има 3 дебитанти

  • Квалификациите за директните места на СП 2026 се завршени во Африка, Азија, Јужна Америка и во Океанија. Во ноември ќе бидат познати уште 11 учесници од Европа и уште три од Северна Америка. Потоа во март в година следуваат Интерконтиненталниот плејоф за уште две места и доигрувањето во Европа за уште четири

На Светското првенство (СП) во фудбал в година во САД, Мексико и во Канада ќе играат рекордни 48 репрезентации, а по квалификациските мечеви во ноември на СП 2026 се пласираа 28, меѓу кои три дебитанти, 18 селекции што играа на претходниот Мундијал, во 2022 година, во Катар и седум што по пауза се враќаат на СП.
Квалификациите за директните места на СП 2026 се завршени во Африка (девет репрезентации), Азија (осум), Јужна Америка (шест) и во Океанија (една), а во ноември ќе бидат познати и уште 11 учесници од Европа (од вкупно 16) и уште три од Северна Америка. Потоа во март в година следуваат Интерконтиненталниот плејоф за уште две места и доигрувањето во Европа за уште четири места. Преостанатите 20 места се за 15 селекции од Европа, три од Северна Америка и за две најдобри од Интерконтиненталниот пејоф, во кој ќе играат две селекции од Северна Америка и по една од Јужна Америка, Океанија, Африка и од Азија.
Првпат на СП ќе настапат Јордан, Узбекистан и Зелено`ртската Република, а според пласманите на репрезентациите во квалификациите можни се уште неколку дебитанти. Од 28-те пласирани на СП 2026, на шампионатот во 2022 година играа Канада, Мексико, САД, Австралија, Иран, Јапонија, Јужна Кореја, Катар, Саудиска Арабија, Аргентина, Бразил, Еквадор, Уругвај, Гана, Мароко, Тунис, Сенегал и Англија. На планетарните првенства по неколку години пауза се враќаат Нов Зеланд, Парагвај, Јужна Африка (претходно трите селекции играа на Светското првенство во 2010 година), Алжир, Брегот на Слоновата Коска (двете на СП 2014), Египет и Колумбија (двете на СП 2018).


ДОСЕГА ПЛАСИРАНИ НА СП 2026

Европа (вкупно 16 репрезентации): Англија. Има уште 11 директни места и четири преку плејофот
Африка (девет): Алжир, Египет, Гана, Мароко, Тунис, Зелено`ртската Република, Јужна Африка, Брегот на Слоновата Коска и Сенегал
Азија (осум): Австралија, Иран, Јапонија, Јордан, Јужна Кореја, Узбекистан, Катар и Саудиска Арабија
Северна Америка (шест): Канада, Мексико и САД, како домаќини. Има уште три директни места
Јужна Америка (шест): Аргентина, Бразил, Колумбија, Еквадор, Парагвај и Уругвај
Океанија (една): Нов Зеланд
Интерконтинентален плејоф (две): За две места на СП 2026 ќе играат две селекции од Северна Америка и по една од Јужна Америка, Океанија, Африка и од Азија.

━ повеќе содржини

Извидници со донаторска акција го обновуваат извидничкиот дом во Штип

Извидници на одредот „Еквинокс“ започнаа донаторска акција со цел да го реновираат извидничкиот дом во Дом на млади, Штип, за кој, како што велат, со години...

Меси не е сигурен дали ќе игра на Светското првенство

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси изјави дека можеби ќе го пропушти Светското првенство следното лето, односно дека можеби ќе го гледа турнирот од трибините, наместо...

29 фудбалери приведени во Турција за местење натпревари

Турските власти, во петокот наредија апсење на 46 лица, вклучувајќи 29 фудбалери, како дел од широка истрага за местење натпревари, објави обвинителството во Истанбул. Меѓу...

Binance доаѓа во Македонија: На 11 декември голем Community Meetup настан за крипто-ентузијастите

Binance, водечката светска берза за размена на криптовалути, организира Community Meetup настан, кој ќе се одржи на 11 декември 2025 година во 17 часот...

Од 1 јануари помали трошоци за пренос и дистрибуција на струја

Од 1 јануари 2026 година надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем Електродистрибуција ДООЕЛ се намалува за 3,64% , надоместокот за користење на преносниот систем...
spot_img