13.6 C
Shtip
spot_img

“Мицкоски како секој друг патник: Шпанскиот амбасадор воодушевен од неговата едноставност”

Шпанскиот амбасадор во Македонија, Рафаел Сориано Ортиз, изрази големо воодушевување на социјалните мрежи по тоа што го забележал утрово на скопскиот аеродром. За време на неговото патување кон Истанбул, амбасадорот сведочел како премиерот Христијан Мицкоски ги извршувал сите аеродромски формалности без никакви привилегии.

Ортиз, кој исто така чекал во редот за туристичко пријавување, забележал дека премиерот, без да бара некои повластени услови, преминал низ сите контроли и чекал во ред за чекирање, постапувајќи како обичен патник.

Во својата објава на социјалната мрежа Х, шпанскиот амбасадор го истакна овој момент како пример на едноставност и нормалност, на што поголемиот дел од високиот политички естрад не се навикнати.

„Утрово летав за Истанбул и во редот за туристичко пријавување го сретнав премиерот Христијан Мицкоски. Го видов како ги поминува сите формалности, вклучително и контролите, без никакви привилегии, како секој друг патник. Ова е пример за едноставност и нормалност во однесувањето на политичките лидери. Браво!“, напиша амбасадорот.

━ повеќе содржини

Лоши вести за Шкендија: Крај на сезоната за Штипјанецот Ване Крстевски!

Лоши вести за Шкендија. Крилниот напаѓач на Шкендија, Ване Крстевски претрпе фрактура на клучната коска со дислокација, повреда поради која ќе мора на итна...

Ултрамаратонците од Штип повторно го развеа македонското знаме – прво место и рекорд за Кристијан Киров во Србија!

Тимот на „Ултра“ од Штип повторно ја претстави Македонија и својот град во најдобро светло надвор од државните граници. На 2 ноември, македонското знаме...

НАЈМАЛКУ ДЕСЕТ ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАР ВО ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО ТУЗЛА

Најмалку десет луѓе загинаа, а 20 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла. Пожарот избувнал на седмиот кат од зградата...

Мадона се мажи за момче, помладо од нејзината ќерка- свадбата ќе се одржи во Европа

Странските медиуми објавуваат дека Мадона (67) наскоро би можела да го каже судбоносното „да“ на своето 38-годишно момче Аким Морис (29), со кого е...

Скандалозно: Поранешната Мис Бугарија ја откри вистината за Цеца и бугарското знаме – „Цеца совршено добро го знае бугарското знаме, ова е смислен ПР...

Поранешната Мис на Бугарија, Ивајла Бакалова, ја коментираше скандалозната сцена од концертот на Цеца Ражнатовиќ во Велес, каде што српската пејачка се појави завиткана...
spot_img