3.9 C
Shtip
spot_img

Министерство за спорт започнува нов проект: Потпишани договори со МРТ, РФМ, КФМ и ОФМ

Во просториите за министерството за спорт денес беше претставен новиот план за промоција и популаризација на македонскиот спорт. Три национални спортски федерации – ракометна, кошаркарска и одбојкарска федерација на Македонија потпишаа договори за соработка со Македонската радио телевизија (МРТ) за да има околу 50 преноси од македонските првенства во одбојка, кошарка, ракомет.

По тој повод се обрати и министерот за спорт Борко Ристовски:

„Се работи за еден голем проект кој, народски кажано, чини многу пари, но ние како министерство и како држава сме подготвени да го поддржиме и во соработка со МРТ и националните федерации а во интерес на промоција на македонскиот спорт.

Нашиот интерес како Министерство за спорт е да има што повеќе спорт на телевизиските програми, да го промовираме македонскиот спорт и да привлечеме што е можно повеќе деца да се бават со спорт и на крај од денот од сето ова да имаме не само спортски, туку и општествен бенефит“, рече министерот Ристовски.

Главниот и одговорен уредник на спортската редакција на МРТ, Драган Николовски соопшти дека договорите на јавниот сервис со трите национални спортски федерации се однесува на проект кој започнува од септември и ќе трае четири сезони.

„Министерството за спорт на чело со министерот Борко Ристовски го препознаа моментот и изразија полна поддршка на идејата трите федерации – ракометната, кошаркарската и одбојкарската федерација на Македонија да влезат во едно партнерство на повисоко ниво со МРТ кадешто заеднички интерес на сите би била уште поголема афирмација и промоција на македонскиот спорт.

Станува збор за еден проект кој што би траел четири сезони, до летото 2029 или во цел еден олимписки циклус во кој се надеваме дека како јавен сервис ќе помогнеме повеќе да се исопромовираат нови спортисти, нови имиња и  најдоброто и најквалитетното од македонскиот спорт да стигне до што поголем дел од публиката.

Во принцип, идејата е во секоја натпреварувачка сезона во наредните четири години на јавниот сервис, односно на спортско-забавниот канал МТВ3 да бидат емитувани најмалку 50 директни преноси од ракометното, од кошаркарското и од одбојкарското првенство. Ова би било на некој начин прво полувреме, на ист начин, иста или слична поддршка, во вториот дел на проектот ќе има за младинскиот спорт“,  рече Драган Николовски.

Целиот проект позитивно го оценија и од КФМ со нивниот претставник, потпретседателот Младен Ѓуроски. 

Тој во проектот гледа шанса за враќање на младите на кошаркарските терени.

Како кошаркарска федерација, ние овој договор го гледаме како можност за да инволвираме во кошарката што повеќе млади. Знаеме дека кошарката во последните години ни е во опаѓање и ова ќе го искористиме да ги вратиме младите на кошаркарските терени. Пред сѐ би сакал Првата кошаркарска лига да делува европски и светски, го пренесе својот став Младен Ѓуроски.

━ повеќе содржини

35 години „ЕАМ“ Штип – македонски текстилен бренд со светско реноме, интервју со М-р Марија Патраклиска

Интервју со м-р Марија Патриклиска, менаџер во Оддел за човечки ресурси во „ЕАМ“ ДОО Штип, текстилна компанија која оваа година прославува 35-годишен јубилеј, успешно...

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ МАРТИНКА И БРОЈАНИЦА – Што велат од црквата?

Црквата само посочува , а на луѓето останува кој како милува тоа нека носи. Тоа е суеверие , кога веруваш дека два конци црвен и...

Денеска врнежи од дожд и од снег на планините

Под влијание на циклонска активност, денеска ќе има врнежи од дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините од снег,...

МВР со кривични пријави против поранешни претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ј.В.(83), В.Џ.(80) и Т.А.(68), сите од Штип, поради постоење основи на сомнение дека сториле продолжено кривично дело „злоупотреба...

Емил Павлов стави точка на својот шампионски пат!

Најтрофејниот македонски каратист, Емил Павлов, официјално стави крај на својата богата спортска кариера. Веста ја сподели преку емотивно видео обраќање, во кое се осврна на...
spot_img