11.2 C
Shtip
spot_img

Марија Минчева од штипскиот театар е најдобра актерка на МТФ „Војдан Чернодрински”

Престижната награда за главна женска улога на годинашното издание на МТФ „Водан Чернодрински“ едногласно беше доделена на Марија Минчева Андонов за улогата на Мајката во претставата „Сите прекрасни нешта“ во изведба на НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип.

„Оваа награда е големо признание за нејзината искрена, емотивна и храбра актерска интерпретација – улога која ги допре срцата и остави силен впечаток кај публиката и жирито. Претставата во режија на Нела Витошевиќ и изведена од НУЦК “Ацо Шопов” – Театар Штип беше дел од 59-тото издание на најзначајниот театарски фестивал во Македонија, соопшти штипскиот театар.

Минчева Андонов во претставата „Сите прекрасни нешта“ ја игра улогата на мајката со самоубистевни нагони и депресија.

„Мислам дека после оваа претстава многу луѓе ќе излезат свесни за проблемите кои што ги имаат особено младите со овие депресии, анксиозности и панични напади“, рече актерката Марија Минчева Андонов претставувајќи ја својата улога.

Оваа година за прв пат беше доделена и наградата музика „Филип Стевановски“, насловена по трагично починатиот музичар Стевановски, кој животот го загуби во пожарот во дискотеката „Пулс“ од Кочани, во време кога беше директор на НУЦК „Ацо Шопов“ од Штип.

Наградата на завршувањето на МТФ беше доделена на Сашко Костов за музиката во претставата „Рацин“ во изведба на НТ „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес.

━ повеќе содржини

Спомен обележјето на 5-те штипски ангели треба да биде готово за од прилика 4 месеци

За околу четири месеци треба да биде изградено спомен облежјето за петмината штипјани, кои животот го загубија во пожарот во Пулс. Истото ќе биде...

Градежна офанзива во штипско Ново Село. Се асфалтира улица Кежовица, ќе се гради мост на р.Брегалница, спортски терени…

Се асфалтира улица Кежовица, веднаш позади бањата во штипско Ново село. Жителите и останатите корисници на бањата и физикалната терапија, од денеска добиваат подобра...

Емотивна музичка приказна на штипјанецот Дарко Андонов (ДААН) излезе во музичкиот етер

Деновививе во етер излезе најновата нумера на штипјанецот Дарко Андонов. ДААН продукција во музичкиот свет донесе емотивна музичка приказна инспирирана од моменти на тишина,...

На плеќите на штипјанецот Иван Николов, Радник се пласираше во полуфиналето од купот на БиХ

Македонскиот интернационалец и некогашен капитен на нашата млада репрезентација, Иван Николов вчера беше стрелец за својот тим Радник Бјелина во рамките од Купот на...

Објавени се сите детали за винскиот салон-фестивал “Приказна во чаша” во Штип

Објавена е комплетната програма и список на случувања на претсојниот вински салон-фестивал "Приказна во чаша", кој за прв пат ќе се одржи во нашиот...
spot_img