13 C
Shtip
spot_img

МАКЕДОНИЈА Е ТРЕТА ВО ЕВРОПА ПО БРОЈОТ НА УБИСТВА НА ЖЕНИ ОД НИВНИТЕ ПАРТНЕРИ, СЕ ВЕЛИ ВО ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕУРОСТАТ

Македонија е на трето место во Европа по бројот на фемициди односно убиства на жени од нивните интимни партнери. Ова го покажуваат податоците за 2023 година на Генералниот директорат на Европската комисија задолжен за обезбедување на Европската унија со статистички податоци на европско ниво-Еуростат, за бројот на фемициди во земјите членки и земјите кандидатки за членство.

Македонија се наоѓа на трето место, зад Латвија и Литванија. Во Латвија во 2023 години е пријавена најголема стапка на фемициди и тоа 17 жени на еден милион жители, додека во Литванија од интимни партнери убиени се 10 жени на еден милион жители.

Во Македонија во истиот период на еден милион жители пријавени се 6 фемици. Зад нас е Босна и Херцеговина со 5 фемициди, па  Австрија, Велика Британија и Украина со 4 убиства на еден милион жители.

Во Малта нема ниту еден фемицид, а со ниска стапка се и Грција и Црна Гора, со по еден случај на милион жители.

Според податоците на Еуростат, во Европската унија стапката на  убиени жени од нивните партнери е 4 жени на милион жители додека за мажи е двојно помала и е 2,2 мажи на милион жители.

Согласно податоците од Министерството за внатрешни работи (МВР), во периодот 2018-2023 година извршени се вкупно 6.242 кривични дела за семејно насилство и тоа: убиство (33 дела), убиство во обид (14 дела), телесна повреда (3.792 дела), тешка телесна повреда (155 дела), присилба (38 дела), загрозување на сигурноста (2.179 дела), против правно лишување од слобода (29 дела) и посредување во вршење на проституција (2 дела).

Невладините организации за борба против семејно насилство велат дека државата не одвојува доволно средства за помош на жртвите, нема доволно сместувачки капацитети, ниту стручна помош, па затоа голем број жени остануваат да живеат со насилникот.

„Домувањето е неопходно да се вклучи во процесот за борба против семејното насилство, џабе советување кога жртвата нема кров над глава. Вкупниот број на легла во државата не го задоволува ни потребниот минимум. Истанбулската конвенција, со која толку многу се фалиме, има препораки дека на 10.000 жители треба да има едно семејно место, кревет за мајка со две деца. Ние на национално ниво сме далеку под минимален стандард, имаме 80 до 90 кревети“. рече на 18 декември во подкастот „За секого по нешто“ на САКАМДАКАЖАМ.МК Елена Димушевска извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Таа вели дека истото се однесува и за советувалишта и стручен кадар.

„Цело време зборуваме да се пријави насилство, но тоа е прв чекор, тој процес трае со години, а во него треба да се овозможи поддршка од лице психолог. Најлесно е да кажеме напушти го ако те тепа, но дали размислуваме каде жртвата ќе оди, доколку е вработена дали платата може да ги покрие месечни трошоци, ако нема стан тогаш режиските трошоци се  многу големи. Моментално, жртва на семејно насилство добива еднократна парична помош од 15.000 денари. Две жени можеби трпат исто насилство, но нивните ресурси не се исти. Едната можеби има семејството кое ќе ја прими и помогне, другата не, едната може работи, другата не. Индивидуалниот процес е многу важен, и излегувањето од тој круг е различен“, вели Димушевска.

━ повеќе содржини

РАСПИШАН E ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА ЗАМЕНИК-НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ШТИП И НЕКОЛКУ ДРУГИ ГРАДОВИ

Народниот правобранител Фатон Сељами распиша оглас за избор на осум заменици кои ќе работат во подрачните канцеларии на институцијата во Скопје, Струмица, Штип, Битола,...

Гитарата на David Gilmour продадена за 14,6 милиони долари – нов рекорд во музичката историја

Легендарната црна гитара „Black Strat“ на David Gilmour, долгогодишниот гитарист на култниот рок-бенд Pink Floyd, испиша ново поглавје во музичката историја. На аукција во...

Светот оди предалеку! Пакет пелени од Gucci чинат 500 евра!

Додека поголемиот дел од родителите се соочуваат со секојдневните трошоци за основните потреби на своите деца, модниот бренд Гучи предизвика лавина реакции со екстремно...

Штип ќе добие нова сообраќајница!

Во деновите пред нас, градоначалникот Јорданов најави активности за трасирање на нова сообраќајница, која практично треба да поврзи две постоечки сообраќајици. Станува збор од...

Која е прекрасната Викторија Бонја, руската контроверзна инфлуенсерка, која му сврте грб на Путин?

Руската инфлуенсерка, ријалити-ѕвезда, манекенка и активистка Викторија Бонја (46) веќе со години го привлекува вниманието на јавноста, вешто балансирајќи меѓу луксузниот живот во Монако...
spot_img