12.1 C
Shtip
spot_img

Ликот на Слаткар осамна на Тајмс Сквер: „Горд сум што момчето од Ново Лисиче што се шверцуваше во автобус, сега е на билборд во Њујорк“

„Првиот пат кога го видов билбордот ми беше тотално нереално. Ми пратија снимки од безбедносна камера за да видам дека е пуштен. А чувството е баш онака… уф… ова е една од малкуте работи за кои не можам да поверувам дека се случиле“ – рече Слаткар, откако билборд со неговиот лик се појави во Њујорк.

На најголемиот плоштад во светот, Тајмс Сквер во Њујорк, 48 пати во текот на два дена се појави видео-билборд со ликот на Марко Маринковиќ Слаткар, и QR код со чие скенирање, секој веднаш ќе може да пристапи до неговата музика на музичките онлајн платформи.

Ова се случува во деновите кога Слаткар го промовираше својот нов албум „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш“.

Иако самиот, преку пријатели од САД го договорил појавувањето на билбордот, и го очекувал, бидејќи знаел точно кога ќе биде првото појавување, па го гледал и преку градска безбедносна камера, тој сè уште не може да поверува во тоа што се случило.

„Првиот пат кога го видов билбордот ми беше тотално нереално. Ми пратија снимки од безбедносна камера за да видам дека е реално таму.

Почна да се емитува во 12:00 кај нив (кај нас тоа е во 6:00 наутро) и кога првиот пат се сврте не се гледаше убаво на самата снимка.

И реакцијата ми беше леле, што се случува, сам не можев да си поверувам.

Не ми е реално она дете што седело во клупа во Ново Лисиче, што седело по клупи низ Скопје и се шверцало во бус бидејќи немало пари да стигне до дома, истото тоа дете да може да стигне до еден од најбитните билборди на Тајмс Сквер во Њујорк.

Мене ми беше нереално што е мое, а не пак на луѓето што гледаат од страна.

Затоа најверојатно и вие, како новинари, и ме прашавте дали е AИ (вештачка интелигенција), но не би направил такво нешто. АИ би направил за некоја фора, да се гледа очигледно дека е АИ.

А ова, знаев дека ќе оди на видео-билбордите на Тајмс Сквер, јас сум го нарачал, и пак ми е нереално.

Целата работа е тоа што кога човек сака нешто, кога има креативни идеи за промоција, ништо не е невозможно.

За мене ова е исклучително голема чест, затоа што Њујорк е колевка на мојата музика, на мојата култура, на моето суштествување.

likot-na-slatkar-osamna-na-tajms-skver-gord-sum-shto-deteto-od-novo-lisiche-shto-se-shvercuvashe-vo-bus-sega-e-na-bilbord-vo-njujork-02.jpg

━ повеќе содржини

Доделени 8-мо номеврските награди!

На свечена седница денеска беа доделени 18 осмоноемвриски признанија во Штип по повод ослободувањето на градот 8 Ноември. Заслужни граѓани, институции, здруженија, граѓански организации...

ОК Штип УГД почна да одбројува до историското деби на европска сцена

Уште само пет денови до првиот меч од европскиот Челинџ купот во одбојка, каде нашиот клуб Штип УГД ќе настапува за прв пат. Во...

НОВА УСЛУГА НА „ВИЗ ЕР“! – ПРАЗНО СЕДИШТЕ ДО ВАС, ПОВЕЌЕ КОМФОР И ПРИОРИТЕТНО КАЧУВАЊЕ: ЕВЕ ШТО ЌЕ НУДИ „ВИЗ КЛАС“!

Нискобуџетната авиокомпанија „Виз Ер“ наскоро ќе понуди сосема ново искуство за патниците што сакаат повеќе удобност на летот. Од декември 2025 година, компанијата стартува...

ДАЛИ СЕ ПОСТИ ЗА МИТРОВДЕН?

Македонската православна црква и нејзините верници в сабота, на 8 ноември, го празнуваат Митровден, односно Свети Димитриј, кој се смета за еден од најголемите...

МАЛТА ГИ НАПРАВИ ТЕРЕТАНИТЕ БЕСПЛАТНИ ЗА СИТЕ НА ВОЗРАСТ ОД 16 ДО 21 ГОДИНА!

Од 2026 година, сите жители на Малта на возраст од 16 до 21 година ќе добијат можност за шест месеци бесплатна членарина во теретана. Оваа...
spot_img