21.4 C
Shtip
spot_img

Колку пари се вртат во македонските медиуми – Телевизиите инкасираат милијарди!

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) одржа јавен состанок на кој беше презентиран пресек на клучните активности реализирани во изминатото тромесечје, со посебен фокус на медиумскиот мониторинг за Локалните избори 2025, регулаторниот надзор и најновите економски показатели за радиодифузната индустрија.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го одржа третиот јавен состанок за оваа година, на кој директорот д-р Зоран Трајчевски направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатите три месеци.

Присутните имаа можност да слушнат за активностите поврзани со мониторингот на известувањето на радиодифузерите за Локалните избори 2025, спроведените надзори врз радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи, издавачите на печатени медиуми, изречените мерки јавна опомена, доделените дозволи за радио емитување, активностите на полето на меѓународната соработка.

На состанокот беа презентирани и наодите од Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2024 година. Анализата содржи податоци за економското работење на радиодифузерите, односно податоци за вкупните приходи, вкупните трошоци, финансискиот резултат од работењето и просечниот број на вработени.

Вкупните приходи во индустријата во 2024 година изнесувале 3.219,21 милиони денари, додека вкупните трошоци 2.994,12 милиони денари. Вкупните приходи на МРТ биле значително повисоки отколку во претходните години и изнесувале 1.365,55 милиони денари, додека вкупните трошоци изнесувале 1.266,52 милиони денари. Јавниот сервис работел со добивка во износ од 87,81 милион денари, што е најдобар финансиски резултат остварен во последните шест години.

Приходите што ги оствариле сите комерцијални телевизии заедно изнесувале 1.607,39 милиони денари, додека вкупните трошоци изнесувале 1.503,13 милиони денари. Вкупните приходи на пазарот на радијата изнесувале 246,27 милиони денари, а трошоците на радиостаниците изнесувале 224,47 милиони денари.

Просечниот број вработени лица во редовен работен однос во 36-те комерцијални телевизии изнесувал 887 лица, додека кај радиостаниците изнесувал 186 лица.

━ повеќе содржини

Димитријевиќ феноменален во пресвртот на Зенит за триумф над Дубаи и финале во ВТБ Купот

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ имаше феноменална партија во големата пресврт победа на Зенит Петербург над Дубаи во полуфиналето од ВТБ Суперкупот. Зенит славеше со 107-103...

Приведен италијански државјанин во Штип!

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал при што констатирале дека возилото го...

Тешка сообраќајка на српскиот пејач Дарко Лазиќ, пожарникари го извлекувале од автомобилот

Пејачот Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина Лазиќ доживеале тешка сообраќајна несреќа во близина на Белградската арена. Дарко удрил во автобусот, а потоа од силината...

Чајот од ѓумбир – најдобриот пријател на здравјето на цревата!

Здравите црева црева се неопходни не само за правилно варење и апсорпција на хранливи материи, туку и за поддршка на голем број други телесни...

Тркачко одело на Шумахер продадено за неверојатна сума

Аукцијата се одржа за време на викендот на Големата награда на Италија во специјалниот простор „Шумахер Лаунџ“ на патеката Монца. Дел од приходите одат...
spot_img