10 C
Shtip
spot_img

Инженери на Република Македонија на средба со Регулаторната комисија за енергетика за фактурирањето на струјата

Здружението Инженери на Република Македонија (ИНРМ) најави дека денеска ќе одржи состанок со претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски за да ги изнесат ставовите во врска со, како што посочуваат, штетните практики во фактурирањето на електричната енергија.

– На состанокот  ќе побараме отстранување на одредбите за фактурирање врз основа на проценета потрошувачка, воспоставување фер и транспарентен систем на фактурирање и ќе дадеме предлог-решение за коректно фактурирање во случаи кога операторот не успева навремено да ги отчита мерните уреди.Ќе изразиме загриженост за неисполнувањето на обврските за непристрасност и независност на членовите на РКЕ, особено имајќи предвид дека овие неправилности датираат од јули 2022 година, кога беа воведени блок-тарифи за пресметка на потрошувачката на електрична енергија, најавуваат од Инжинери на Република Македонија.

Појаснуваат дека нивната реакција е поттикната од бројни поплаки на граѓаните за нереално високи сметки за електрична енергија.  Анализирајќи ги законските и подзаконските акти, утврдиле неправилности и поднеле претставки за нивно надминување.

– На 20 март 2025 година, РКЕ одржа подготвителна седница на која предложи измени на Правилата за снабдување со електрична енергија, со кои повторно се овозможува незаконско фактурирање врз основа на проценета потрошувачка. Веднаш поднесовме забелешки, поради што утре ќе имаме состанок со претседателот на РКЕ. Основниот проблем е што РКЕ дозволува изготвување фактури со проценета потрошувачка, а корекцијата се врши во наредниот месец по реалното отчитување. Оваа практика не е предвидена со Законот за енергетика, им нанесува финансиска штета на потрошувачите а генерира и дополнителни приходи за операторот на дистрибутивниот систем, велат од Здружението.

Дополнително, најавуваат дека ќе реагираат и на постапката за свикување на подготвителната седница од 20 март бидејќи беше спроведена спротивно на законските и деловничките рокови.

━ повеќе содржини

Такси беззаконието во Штип заминува во историја – Строги правила од 1.Февруари

Такси превозот во Штип влегува во нова фаза по три децении нерегулирано работење и беззаконие во овој бизнис. По долг период на хаос, конечно...

Одбојкарско дерби денес во Штип!

Денес, понеделник, со почеток од 18:00 часот во салата Јордан Мијалков во Штип ќе се одигра одбојкарското дерби во првата македонска одбојкарска лига помеѓу...

“Музичка Фабрика” – Нов национален проект за детска музика кој отвора врати за млади таленти

Музичка Фабрика е првиот национален културно-образовен музички проект за деца, чија мисија е да ја поддржи, развие и афирмира детската музичка креативност. Проектот создава...

Сите добитници на наградите Греми!

Раперот освои пет награди, вклучувајќи ја и онаа за плоча на годината за „Luther“, дует со SZA, како и за најдобар рап албум за...

LED семафорите носат поголеми почетни трошоци, но значителни долгорочни заштеди

Сè повеќе градови ширум Европа и светот се одлучуваат за воведување на LED семафори, кои иако имаат повисока почетна цена, носат големи заштеди на...
spot_img