Според податоците на Геодинамичкиот институт во Атина, епицентарот бил на пет километри северозападно од местото Неа Стира на Евија на длабочина од 13,6 километри.
Земјотресот пропратен со силен звук беше почувствуван во целата област Атика, поширокиот регион на Атина, а не е пријавена предизвикана материјална штета.
Професорот и претседател на Организацијата за планирање и заштита од земјотреси Ефтимиос Лекас за грчката државна телевизија ЕРТ дека земјотресот беше во област „која не дава големи земјотреси“.