Македонската трап/хип-хоп група ЕМИГРАНТИ ја претстави својата најнова песна „Ноќи Долги“, создадена и издадена во Обединетото Кралство – Англија (Оксфорд). Музиката, текстот и аранжманот се дело на Владко Јакимов, кој преку оваа песна носи силна емотивна порака и општествена вредност.
„Ноќи Долги“ е инспиративна и емотивна посвета на младите животи трагично изгубени, но истовремено носи порака за сеќавање, надеж и светлина дури и во најтешките моменти. Песната се истакнува со својот длабок текст и моќен музички израз, карактеристичен за стилот на ЕМИГРАНТИ, со јасен хип-хоп/трап печат. Предлагаме да ја слушнете:







