Во сабота (28.03.2026) со почеток од 13:00 часот во просториите на Мултимедијалниот центар Канал 77 во Штип ќе се одржи кафе-средба со Д-р Владимир Трајковски, познат акушер, гинеколог и IVF специјалист.
Тема на средбата ќе биде разговор за ин витро постапката, репродуктивното здравје, потребната документација за ФЗОМ ваучерите и сите дилеми, прашања и одговори што се потребни на патот до родителството.








