8 C
Shtip
spot_img

Дурловски, „Ајга“, Четкар, Џајковски ја промовираа македонската култура на ЕКСПО Осака 2025

Во рамките на еден од најголемите светски настани – ЕКСПО Осака 2025, Македонија со специјална програма го одбележа 8 Септември – Денот на независноста. Настанот се одржа пред бројна меѓународна публика и понуди  автентично претставување на нашата култура, традиција и современо уметничко творештво.

Во културно-уметничкиот дел настапија реномираните оперски уметници Ана и Игор Дурловски, придружувани од камерниот оркестар „Ајга“, кои изведоа македонски народни песни во современи обработки на композиторот Сони Петровски. Со својата интерпретација тие ја пренесоа магијата на македонската традиција на интернационалната публика.

Посебен интерес предизвика и концертот на познатиот џез-гитарист Владимир Василевски – Четкар, чие творештво претставува мост помеѓу македонската музичка душа и современите светски звуци, како и енергичниот настап на Кирил Џајковски со својот бенд, кој ја претстави Македонија во едно модерно и глобално прифатливо издание.
Значајна атракција беше изложбата посветена на јапонскиот архитект Кензо Танге, чиј план за реконструкција на Скопје по земјотресот во 1963 година претставува историски пример за архитектура и урбанистичко планирање, како мост меѓу културите и народите.

Во македонскиот павилјон, кој бележи просечно по 30.000 посетители дневно, гостите имаа можност да се запознаат со културното наследство, туристичкиот потенцијал, природните убавини, уникатното наследство под заштита на УНЕСКО, како и богатата гастрономска традиција. Со тоа, Македонија се претстави како атрактивна туристичка дестинација подготвена да понуди незаборавно искуство во духот на автентичноста и гостопримството.

━ повеќе содржини

Која е прекрасната Викторија Бонја, руската контроверзна инфлуенсерка, која му сврте грб на Путин?

Руската инфлуенсерка, ријалити-ѕвезда, манекенка и активистка Викторија Бонја (46) веќе со години го привлекува вниманието на јавноста, вешто балансирајќи меѓу луксузниот живот во Монако...

Потресна исповед на штипјанката Марија Данева за пожарот во Кочани

Позната штипска пејачка Марија Данева е жив сведок од трагедијата во кочанската дискотека "Пулс" која се случи лани на 16.03.2025 година. Таа низ солзи...

ФК Брегалница на “Градски” под рефлектори со супер значајна победа против Охрид

Во една прекрасна атмосфера пред повеќе од 3000 гледачи, ФК Брегалница во борбата за прва лига го совлада директниот конкурент Охрид со 1:0. Стрелец...

Царината во Штип со рекорден приход во 2025: Наплатени 7,8 милијарди денари

Царинарница Штип во текот на 2025 година остварила значителен раст на приходите, наплатувајќи вкупно 7,8 милијарди денари, што претставува зголемување од 267,8 милиони денари...

На експресниот пат Штип-Радовиш фатен возач со 178км/ч

Во текот на вчерашниот ден (29.03.2026) во 18:55 часот на експресен пат Штип – Радовиш, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за...
spot_img