17.9 C
Shtip
spot_img

Денес започнува есента! До крајот на годината остануваат уште точно 100 денови!

Есента започнува денес во 20:19 часот а до крајот на годинава, остануваат уште 100 дена

Есента во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 20:19 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта.

Првиот есенски ден е 265-иот ден во годината и ќе трае 12 часа и 17 минути. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 18 минути, а ќе зајде во 18 часот и 35 минути. До крајот на годинава остануваат уште 100 дена.

Есента ќе трае до 21 декември во 10 часот и две минути, кога календарски започнува зимата.

На првиот ден од есента, според синоптичарите, утрото ќе биде посвежо, а потоа сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 27 до 32 степена Целзиусови.

И во Скопје наутро ќе биде посвежо, а преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 32 степена Целзиусови.

Утре и в среда ќе се задржи претежно сончево и топло време за овој период од годината. Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Дневната температура ќе биде во опаѓање.

━ повеќе содржини

Предание за иконата од Света Гора:  18-ГОДИШНО МОМЧЕ ОД МАКЕДОНИЈА ПPОГОВОРИ ПPЕД ИКОНАТА НА БОГОРОДИЦА НА СВЕТА ГОРА (ВИДЕО)

Имено, во манастирот Дохијар се наоѓа чудотвоpната икона на Мајката Божја наречена Горгоепикоос (Брзопослушница). Секој ден, пpеподобниот старец Григориј заедно со бpатството го чита...

Како да започнете сопствен бизнис со само 1000 евра: Не ви треба многу документација, а приходот е задоволителен

Започнувањето сопствен бизнис често се поврзува со големи инвестиции, што ги обесхрабрува многу млади луѓе, но постојат бизниси што можат да се започнат со...

Сè повеќе AI музика: Оваа земја одлучи да ги заштити текстописците и композиторите

Шведската организација за музички права претстави лиценца што им овозможува на компаниите за вештачка интелигенција легално да користат песни заштитени со авторски права за...

Пролетна акција „Еко пролет во Штип“, се чистеше реонот кај Мирјанина црква

Голема пролетна еколошка акција во Штип. Сите вработени во Општина Штип, ЈП „Исар“ и „Стипион“ и извидници од Извидничкиот одред „Еквинокс“ чистеа шут и...

Вакцината против рак пристигнува во Србија? ТЕРАПИЈА КОЈА БИ МОЖЕЛА ДА ГО ПРОМЕНИ СВЕТОТ

Д-р Сергеј Бољевиќ, раководител на Одделот за патолошка физиологија на Универзитетот Сеченовск во Москва, најави развој на персонализирана mRNA вакцина која не го спречува...
spot_img