Денес (среда) започнува новата сезона во втората кошаркарска лига во која се натпреварува штипската екипа КК Соколи 1933. Во Штип, во СЦ Јордан Мијалков, со почеток од 18:00 часот домаќинот Соколи го пречекува велешки Борец во првото коло.
Амбициите на штипската екипа се високи, односно пласман во најдобрата Супер лига. За напомена, штипјани од неодамна се засилија со американскиот крилен центар Брендон Хамилтон, кој се очекува да биде од голема помош под кошевите.