8.3 C
Shtip
spot_img

ДАЛИ СЕ ПОСТИ ЗА МИТРОВДЕН?

Македонската православна црква и нејзините верници в сабота, на 8 ноември, го празнуваат Митровден, односно Свети Димитриј, кој се смета за еден од најголемите семејни празници во Македонија.

фото: Pixabay

Народот верува дека на овој ден може да се предвиди како ќе биде зимата. Според народното предание, ако на Митровден има мраз, се очекува долга и студена зима со многу снег.

Според народните обичаи, на вечерта пред Митровден и Ѓурѓовден секој треба да биде дома, затоа што оној кој тогаш ќе преспие надвор од својот дом, се верува дека цела година ќе ноќева по туѓи куќи. Токму овој обичај се смета за најважното верување поврзано со Митровден.

Во многу краеви на Македонија се верува и дека на Митровден не треба да се караат децата, без разлика колку погрешиле, затоа што се верува дека тогаш ќе бидат непослушни цела година.

Дали на Митровден се пости?
Овој празник во црковниот календар е означен со црвени букви, а со оглед на тоа што оваа година паѓа в сабота, Митровден не се празнува посно. Секој празник што паѓа в среда или петок е постен, како и оние што се празнуваат за време на Големиот пост.

━ повеќе содржини

Денес стартува Ф4 во Купот. ОК Штип УГД ја брани титулата од претходните две сезони

Денес, со почеток од 17:30 часот, екипата на одбојкарскиот клуб Штип УГД го започнува походот кон одбрана на куп-титулата во националниот одбојкарски куп. Во...

Боксерската лига започнува во недела од Штип

Во недела (29 март) Штип ќе биде домаќин на првото коло од Првата македонска боксерска лига кое ќе се одржи во спортската сала на...

Познатиот гинеколог Д-р Владимир Трајковски гостува на кафе-средба во Штип!

Во сабота (28.03.2026) со почеток од 13:00 часот во просториите на Мултимедијалниот центар Канал 77 во Штип ќе се одржи кафе-средба со Д-р Владимир...

Од стручен агол: Прогноза за почетните 11-мина вечерва против Данска

Фудбалската репрезентација на Македонија е на два чекори од Светско првенство. Сонот за пласман на Мундијал е блиску до реализација, но ќе стане вистина...

Необично истражување: Ајкулите на Бахамите се позитивни на кокаин и кофеин

Ново научно истражување открива дека кај ајкулите во водите околу Бахамите за првпат се пронајдени траги од кокаин, кофеин и аналгетици во крвта. Ова...
spot_img