5.8 C
Shtip
spot_img

Градежната офанзива на територија на општина Штип продолжува со засилено темпо

Во текот на вчерашниот ден, се асфалтираа неколку дотраени улици и краци во штипската населба Македонка. Инвестицијата, вредна 1,6 милиони денари од општинскиот буџет, е дел од поголемата слика: Македонка да стане место каде што животот има пристојна инфраструктура. До крајот на годината, во дворот на подрачното училиште Тошо Арсов, ќе никне модерен спортски терен со тартан подлога, нови реквизити и целосно осветлување – чекор повеќе кон здрава иднина за младите. Градоначалникот Иван Јорданов најави е пешачко-велосипедска патека што ќе ја поврзе населбата со кејот на Брегалница.

,,Се наоѓаме во нас. Македонка овде денес се работи на асфалтирање на неколку улици, финансискиот изност кои што е одвоен од буџетот на општината е 1, 6 милиони денари. Опфатени се краци и улица во нас. Македонка која што е останата како обврска, затоа што пред 3 ипол години влеговме да ги опфатме улиците кои што претходно никогаш не биле третирани исто во оваа населба. Она што останува да се изреализира до крајот на оваа година е спортскиот терен во дворот на подрачното училиште Тошо Арсов, да биде со направен со специјализирана тартан подлога, да бидат целосно обновени сите реквизити, да биде осветлен. Она што е предвидено дополнтелно во програмата за оваа населба е пешачка патека, поврзување практично со велосипедско пешачката патека кај река Брегалница.“, рече Јорданов

Јорданов рече дека населбата драстично е променета во споредба со пред неколку години, Како што најави тој, активнсотите продолжуваат и во остантите населби

Инаку, предвидените активности во населбата Македонка ќе бидат завршени во најкус временски период, а општината како што изјави Јорданов продолжува и понатаму со засилено темпо.

━ повеќе содржини

Денес стартува Ф4 во Купот. ОК Штип УГД ја брани титулата од претходните две сезони

Денес, со почеток од 17:30 часот, екипата на одбојкарскиот клуб Штип УГД го започнува походот кон одбрана на куп-титулата во националниот одбојкарски куп. Во...

Боксерската лига започнува во недела од Штип

Во недела (29 март) Штип ќе биде домаќин на првото коло од Првата македонска боксерска лига кое ќе се одржи во спортската сала на...

Познатиот гинеколог Д-р Владимир Трајковски гостува на кафе-средба во Штип!

Во сабота (28.03.2026) со почеток од 13:00 часот во просториите на Мултимедијалниот центар Канал 77 во Штип ќе се одржи кафе-средба со Д-р Владимир...

Од стручен агол: Прогноза за почетните 11-мина вечерва против Данска

Фудбалската репрезентација на Македонија е на два чекори од Светско првенство. Сонот за пласман на Мундијал е блиску до реализација, но ќе стане вистина...

Необично истражување: Ајкулите на Бахамите се позитивни на кокаин и кофеин

Ново научно истражување открива дека кај ајкулите во водите околу Бахамите за првпат се пронајдени траги од кокаин, кофеин и аналгетици во крвта. Ова...
spot_img