1.8 C
Shtip
spot_img

Вчера се одржа промоција на книгата “Штипско Ново Село”

Со песна и свечен говор, вчеравечер беше промовирана книгата „Штипско Ново Село“ од авторите Трајан Јанинков, Борис Балабанов и Петар Пиков во исполнетата сала на штипската библиотека Гоце Делчев. Книгата претставува вреден запис за историјата, духовноста и луѓето на Ново Село – мала кои со векови го чуваат духот и традицијата на Штип.

На промоцијата присуствуваа претставници од Општина Штип, бројни сограѓани, како и многу новоселци кои со гордост ги споделија спомените за своето маало. Публиката со внимание ги следеше зборовите на авторите, кои со голема љубов и посветеност го опишале животот, луѓето и приказните што ја обликувале оваа штипска населба.

Вечерта помина во атмосфера исполнета со емоции, спомени и чувство на припадност, а делото „Штипско Ново Село“ останува траен белег на културното и духовното наследство на градот. На авторите им беше упатена искрена благодарност за нивниот труд и љубов кон родниот крај, а на сите присутни – благодарност што со своето присуство ја збогатија оваа убаво организирана вечер.

━ повеќе содржини

Од Католички Божик и за Нова година доаѓа  вистинската зима

Конечно од Католички Божик 25 декември се гледа крајот на натпросечно топлото време за декември и конечно доаѓање на вистинската зима, снегот  и на...

Храната за бебиња „Аптамил АР1“ повлечена од пазарот во Хрватска

Поради зголеменото присуство на бактеријата Bacillus cereus, хрватскиот Државен инспекторат го повлече од пазарот „Аптамил АР1“, формула за бебиња, произведена од Nutricia Export BV...

IKEA влегува во Македонија

Новоформираната Шведско -македонска стопанска комора во емисијата во Студио 10 на ТВ 24 најави дека е во завршни преговори за влегување на ИКЕА во...

На денешен ден во 1989 година беше емитувана првата епизода на една од најпопуларните анимирани серии – „The Simpsons“

На 17 декември 1989 година, на телевизијата Fox премиерно беше емитувана првата епизода од анимираната серија „The Simpsons“, со наслов „Simpsons Roasting on an...

ЕВЕ КОГА ЌЕ СПИЕMЕ НАЈДОЛГО: ДОАЃА НАЈДОЛГАТА НОЌ ВО ГОДИНАТА!

Зимата официјално започнува во недела, на 21 декември 2025 година, во 16 часот и 3 минути. Со овој момент започнува астрономската зима на северната...
spot_img