Во сабота (28/03) во вечерен термин од 18:00 часот под рефлектори ФК Брегалница го игра еден од најважните натпревари оваа сезона против лидерот на табелата ФК Охрид Лихнидос.
Четата на тренерот Влатко Костов максимално ги одработува последните тренинзи пред дербито во сабота. Екипата е спремна и максимално фокусирана на натпреварот.
Влезот ќе биде слободен, па од клубот ги повикуваат сите љубители на спортот да дојдат и да дадат поддршка на штипските сини во патот кон прва лига.







