Во недела Таекводно клубот Штип и Македонска таеквондо федерација го организираат првиот таеквондо турнир „Штип опен 2025“.
Турнирот ќе се одржи во спортска сала „Јордан Мијалков“ Штип.
Штип Опен 2025 е дел од лига-ситемот од вкупно 6 турнири од кој ќе произлезат официјалните рангирања за најдобри клубови и спортисти според правилникот на МТФ.
Ова е чекор нанпред за еден од најмладите таеквондо клубови во Македонија Штип, бидејќи неговите натпреварувачи под раководство на тренерите Сашко и Жарко Арсовски веќе бележат и меѓународни успеси. Секако, најситакнат поединец е Душица Бреслиева.